Стечајниот управник на ОО СДСМ Beck to the Future Охрид Миле Зечевиќ заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, зад затворени врати и далеку од очите и ушите на партиското членство на ОО СДСМ Охрид ,ќе го избираат новиот „Врховен командант“ ,кој ќе треба да ја преземе партијата-штафетата од Beck to the Future Наумче Јованоски-Чакарче!
Како што дознава редакцијата Охридскај од високи партиски извори,распишаните кадровски избори за избор на ново раководство во Охрид биле само обична фарса покриена од време за да се заборават катастрофакните локалкни изборни резултати.
Како фаворите на централата од Скопје ,поддржани од тандемот Beck to the Future Константин Георгиески & Наумче Јованоски -Чакарче, биле четири лица и тоа :
1.Наумче Јовановски -Чакарче , досегашен претседател на ОО СДСМ,чие предизборно назначување внесе најголем раздор во партиските редови.За Наумче Јованоски -Чакарче Управата за јавни приходи води пообемна финансиска контрола врз неговите фирми во овој период , каде е осомничен за поголемо даночно затајување (По втор пат) за над 10.000.000,оо денари
2.Лажниот Лекар од Охрид Сашо Точков , кој скоро две децении се преставувал како Лекар,ординирал терапии во ЦЈЗ Охрид, а кој беше разрешен од директор на ЈЗУ Центар за јавно здравје ,по извршена контрола на државниот здравствен испекторат,кој пронјаде низа на криминални дејствија во неговото работење ,како и финансиска манипулација со поголеми парични средства од ПЦР тестирањата.
3.Владимир Алексиески актуелен директор на државното Јавно претпријатие „Колекторски Системи“ на РСМ,за кого локалното членство а и поширокото членство на СДСМ го нарекуваат профитер и парадер.
4.Четвртиот кандидат кој не го зне ниту базата – членството е фаворит на генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ и делегираната функсционерка за Охрид министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска.Ова лице кој потекнува од стариот дел на Охрид е вработено во ТАФ на позиција директор на Аеродром Охрид,а воедно и личен пријател и другар на генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ од време кога Зечевич ја обавуваше функцијата Директор на Аеродроми на Македонија.
Блиски извори до Зечевиќ за Охридскај брифираат ,дека наводно ова лице од стара охридска фамилија ќе го заменело селското крило во партијата но и време било оние „последните селани“ во СДСМ Охрид да заминат од раководтсвото.Зад овој избор застанал и поранешниот пратеник ,а сега директор на АЦВП Томислав Тунтев ,кој патем се личени другари и непосредни соседи. „Да ставиме еден стар охирѓанец и еден селјак за секретар да биде партиски баланс“,така ќе се задоволеле и грдското и селското крило во СДСМ!!!