More

    Протече нова компромитирачка фотографија на Борис Џонсон

    spot_img

    Лондонската полиција ќе ја преиспита својата одлука да ја прекине истрагата за божиќниот собир на Даунинг стрит 10, откако во јавноста протече нова фотографија од премиерот Борис Џонсон.

    На фотографијата што ја објави британскиот „Дејли Мирор“ се гледа премиерот во иста просторија со персоналот на кабинетот, со шише пенлив пијалок на масата. Медиумите наведуваат дека фотографијата е направена на 15 декември 2020 година, додека важеле ограничувањата поради пандемијата со ковид-19 и за време на „виртуелниот“ божиќен собир на „број 10“.

    Ова не е единствениот настан кој е под истрага на полицијата. Лани во декември во медиумите протече фотографија од истиот настан на која се гледа како премиерот седи на маса со двајца колеги, но без алкохол. Во тоа време, кабинетот на Џонсон рече дека премиерот само „накратко виртуелно учествувал“ за да му се заблагодари на персоналот за нивната работа за време на пандемијата.

    Во средата, портпаролот на Џонсон инсистираше на тоа дека настанот бил чисто виртуелен. Полицијата продолжува да ги истражува партиите кои ги прекршиле правилата на Даунинг стрит за време на пандемијата.

    Полицијата конкретно истражува 12 собири, како дел од независната истрага спроведена од високиот државен службеник Сју Греј, која ги објави само нејзините првични наоди додека полицијата си ја врши својата работа.

    Џонсон одговараше на прашања од парламентарците во британскиот парламент за овие настани, но кусо одговори дека нема да навлегува во детали додека не заврши истрагата.

    Поранешниот советник на Џонсон, Доминик Камингс, на Твитер тврдеше дека „лебдат наоколу“ полоши фотографии кои би можеле да излезат на виделина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img