More

    Среде војната во Украина: Метро станиците се претворија во основни училишта

    spot_img

    Среде војната во Украина, учениците во Харков го продолжуваат своето образование во импровизирани училници во метро станиците.

    Харков сè уште е честа цел на руски ракетни напади, поради што метро станиците се приспособени да одржуваат настава за повеќе од илјада основци. Локалната власт во Харков обезбеди и храна за учениците, како и превоз и придружба до дома.

    Олга Деменко, директорка на Одделот за образование при градската управа на Харков, во интервју за турската агенција Анадолија изјави дека училиштата станале мета на руските напади на почетокот на војната и дека наставата низ Украина главно се изведува во онлајн формат.

    Посочувајќи дека наставата за основците во метро станиците во Харков започна овој септември, Деменко рече дека вкупно 1.080 ученици, поделени во 64 паралелки, следат настава во пет станици.

    „Средношколците се навикнаа на онлајн часовите и можат да ги користат, но на малите им е потребна социјализација на училиште. Меѓу 64-те паралелки имаме 26 паралелки во прва година. За нив наставата е многу важна“, објасни Деменко.

    Покрај наставниот кадар, во овие училишта се вработени и психолози, здравствени кадри и припадници на безбедносните сили.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img