Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Партијата за движење на Турците, Енес Ибрахим.
На средбата претседателот Пендаровски беше информиран за севкупните активности на партијата насочени кон натамошно унапредување на положбата на турската етничка заедница во институциите во земјава.
Припадниците на турската заедница, беше оценето на средбата, како нераскинлив дел од нашето мултиетничко и мултикултурно општество даваат значаен придонес во градењето на демократска, просперитетна и развиена Република Северна Македонија.