Средба на претседателот Пендаровски со Ердоган Сарач, претседател на Движењето за национално единство на Турците

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот Стево Пендаровски го прими Ердоган Сарач, претседател на Движењето за национално единство на Турците.

На средбата се разговараше за положбата на припадниците на турската етничка заедница во државата, како и за нивните заложби и придонес за развојот и напредокот на Република Северна Македонија. Припадниците на турската етничка заедница во Северна Македонија, заедно со другите етнички заедници даваат активен придонес за градење на рамноправно, стабилно и просперитетно општество.

На средбата стана збор и за односите со Република Турција, која е долгогодишен пријател и стратешки партнер на Република Северна Македонија.

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply