Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава.

Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи дека и натаму е важна американската поддршка за продолжување на патот на Северна Македонија кон членство во ЕУ.

На средбата соговорниците разменија мислења и за севкупната соработка на Северна Македонија со САД во контекст на стратешкото партнерство меѓу двете држави и соработката на невладиниот сектор. Истовремено, стана збор и за случувањата на геополитички план, како и за состојбите во поширокиот регион.

Претставниците на организацијата го запознаа претседателот Пендаровски со текот на нивните активности коишто се во насока на глобален ангажман, дијалог и соработка.

Share This Article