More

    Србинот со еден удар го „нокаутирал“ Хрватот

    spot_img

    Тежок инцидент го потресе ракометниот клуб Загреб по натпреварот од Лигата на шампионите против Нант. Во соблекувалната на хрватскиот шампион дојде до физичка пресметка меѓу ракометарите Милош Кос и Звонимир Срна, што резултираше со суспензија на двајцата играчи на неопределено време.

    Раководството на клубот реагираше веднаш и преку соопштение потврди дека Кос и Срна се отстранети од тимот до понатамошно известување, додека деталите за инцидентот продолжуваат да се истражуваат.

    Според извори од хрватските медиуми, конфликтот започнал по натпреварот кога дел од соиграчите на Кос му упатиле критики за неговата игра. Напнатоста кулминирала откако хрватскиот голман и репрезентативец Матеј Мандиќ му дал забелешка, по што Кос физички го нападнал и го удрил со тупаница во лицето.

    Повредите на Мандиќ, според медиумите, би можеле да го оддалечат од терените за период од четири до шест недели, што го става под знак прашање неговиот настап на претстојниот Светски шампионат.

    Во обид да го смири инцидентот, Звонимир Срна интервенирал, но наместо да ја деескалира ситуацијата, наводно неколку пати го удрил Кос, што дополнително ја влошило состојбата.

    Срна, кој не настапуваше на овој натпревар поради повреда, исто како и неговите соиграчи Павловиќ и Фаљиќ, сега се соочува со потенцијални санкции од клубот.

    Тренерот на Загреб, Велимир Петрковиќ, по натпреварот даде изјава за формата на Кос, која можеби ја навестила фрустрацијата што кулминирала во соблекувалната.

    – Кос? Имаме проблем. Тој го има, јас го имам, сите го имаме. Каков е неговиот проблем, не знам, тоа е нешто длабоко. Не успеав да го разбудам, и тоа е мојот минус. Сите играчи ми рекоа дека ја има нивната поддршка, но му се потребни два-три гола, а од таа позиција имаме нула – изјави Петрковиќ, алудирајќи на слабата реализација на Кос, кој на последните два натпревара постигнал само три гола од 17 обиди.

    Инцидентот ја отслика кризата во тимот, кој покрај спортските резултати сега се соочува и со внатрешни тензии кои ќе бараат итно решение.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img