Србија, Хрватска и Словенија синоќа влегоа во финалето на „Евровизија“, по учеството во првата полуфинална вечер на 68-то музичко натпреварување кое годинава се одржува во Малме, Шведска

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Србија, Хрватска и Словенија синоќа влегоа во финалето на „Евровизија“, по учеството во првата полуфинална вечер на 68-то музичко натпреварување кое годинава се одржува во Малме, Шведска.

Од 15-те земји учеснички, во финалето влегоа десет, а освен Теја Дора од Србија, Бејби Лазања од Хрватска и Вероника од Словенија, в сабота во финалето одат и Португалија, Украина, Литванија, Финска, Кипар, Ирска и Луксембург.

Македонија годинава не учествува на „Евровизија“.

Во второто полуфинале, кое ќе се одржи утре ќе настапат Албанија, Ерменија, Австрија, Чешка, Данска, Грција, Малта, Швајцарија, Белгија, Естонија, Грузија, Израел, Латвија, Холандија, Норвешка и Сан Марино.

Share This Article