More

    Според бугарската агенција, Вучиќ вчера во центарот на Скопје „отворено се приклучил на антиевропската реторика и пропаганда, која води кон блокирање на европската перспектива на Северна Македонија“

    spot_img

    Според бугарската агенција, Српскиот претседател Алeксандар Вучиќ вчера во центарот на Скопје „отворено се приклучил на антиевропската реторика и пропаганда, која води кон блокирање на европската перспектива на Северна Македонија“, го коментира БГНЕС синоќешното присуство и обраќање на Вучиќ на Светосавската академија по повод Националниот ден на српската заедница во Македонија.

    Известувајќи за настанот, новинската агенција, веднаш на почетокот, по првиот воведен пасус, ја цитира изјавата од говорот на Вучиќ во која тој вели: „Србија не бара од Северна Макеодија промена на Уставот, тоа е ваша внатрешна работа“.

    – Јас сум претседател на Србија, но не се плашам да кажам дека Македонците се нашиот најблизок народ. Немаме поблиски луѓе од Македонците. Отворено и јасно го кажувам пред целата српска и македонска јавност. Не сакаме ништо од Северна Македонија. Немаме услови за ништо. Не очекуваме ништо. Единствено што би сакале е да изградиме уште подобри и поблиски односи – го цитира БГНЕС делот од обраќањето на српскиот претседател на Светосавската академија во Скопје.

    Во текстот на БГНЕС се потсетува дека без задолжителниот услов за измени на Уставот, Република Северна Макеоднија не може да ги продолжи преговорите за членство во Европската Унија. Тие, како што наведува БГНЕС, се вградени во Преговарачката рамка, која беше одобрена од сите земји-членки на блокот.

    Бугарската новинска агенција пренесува и цитира и дел од обраќањето на претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ, кој посака српската заедница во Северна Македонија да биде „посилна и пообединета. Агенцијата го наведува фактот дека Стевандиќ е на „црната листа“ на САД, кои го санкционираа во јули 2023 година за попречување на Дејтонскиот мировен договор, сепаратистички акции, корупција за лична корист итн.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img