Пејачката и актерка Селена Гомез и актерката Франсиа Раиса го обновија пријателството откако изминативе шест години се динстацираа една од друга.
Селена и Франсиа се запознале во 2007 година, кога биле тинејџерки, а во 2018 година Франсиа ѝ го донираше сопствениот бубрег на Селена и ѝ го спаси животот. Селена долги години се бори со автоимуната болест лупус и со последиците од неа.
Меѓутоа, откако сите почнаа да зборуваат за тоа дека Селена и Франсиа повеќе не се во добри односи, а овие приказни дополнително ги подгреа Гомез во едно интервју во 2022 година кога рече дека пејачката Тејлор Свифт ѝе „единствена пријателка“, а потоа во својот документарец воопшто не ја спомна Франсиа.
На социјалните мрежи луѓето масовно го коментираа ова. Се чинеше дека Франсиа е навредена, бидејќи таа ја коментираше оваа постапка на својата пријателка Селена во објава што подоцна ја избриша.
Селена потоа се огласи на социјалната мрежа Тикток и рече: „Жал ми е што не ги спомнав сите луѓе што ги познавам“.
Франсиа Раиса сега откри дека тие двете се повторно блиски, а Селена јавно ѝ го честиташе роденденот.
„Ништо не се случи, а ако прашате некоја од нас, не знаеме што се случило“, изјави таа за „УСА тудеј“.
„Но, требаше да се разделиме. Потоа, кога ќе се вратите заедно, ќе бидете подобри луѓе. Сè уште се запознаваме повторно“, истакна Раиса.
Раиса мисли дека е „лудо“ што луѓето се толку фокусирани на нивното пријателство, кое поминало низ подеми и падови откако се запознале како тинејџерки во 2007 година.
Во 2018 година, Раиса му кажа на поранешниот водител на шоуто Хари Коник помладиот дека и таа и Гомез поминале низ период на депресија кога операцијата за трансплантација била завршена.