Страотните земјотреси, кои ги погодија јужните делови на Туркије и делови од Сирија, однесоа илјадници човечки животи и им ги загрозија животите на милони луѓе, но покрај нив, страдаат и нивните домашни миленичиња, па и домашните животни, генерално.
Спасителите, во потрага по преживеани, открија и внимателно извлекоа едно кученце, кое целосно беше затрупано во урнатините.
Трогателното видео од оваа спасувачка активност е употребено во повикот на љубителите на животни и нивните здруженија во повеќе земји за собирање помош за животните кои настрадаа во подрачјата погодени од земјотресите.
„Исто како и на настраданите луѓе, сега и на животните им е потребна лекарска грижа, засолништа, лекови, храна“ – се вели во апелот на љубителите на животни.