Додека впечатоците сè уште се средуваа по успешното лансирање на Starship на SpaceX (иако леталото на крајот беше изгубено), беше објавен интересен извештај кој ја открива малку потаинствената работа што SpaceX ја прави за американската влада.
Како што пишува Ројтерс, SpaceX соработува со американската Национална канцеларија за извидување за изградба на таен систем на шпионски сателити. Договорот вреден 1,8 милијарди долари наводно бил потпишан во 2021 година, а информациите за него дури сега стигнале во јавноста.
Шпионските сателити се изградени во рамките на поделбата Starshield на SpaceX, која е задолжена за управување со сателитите Starlink. Според извештајот, планот е да се создаде мрежа од стотици сателити кои би требало да имаат можност да ја сликаат Земјата, но кои би можеле да дејствуваат и како рој во ниските орбити. Демек, сателитите треба да бидат толку прецизни што никој нема да може да се сокрие од нив.
Тие треба да и овозможат на американската влада брзо да снима континуирани слики од теренската активност насекаде во светот.
Според Ројтерс, десетина прототипови на овие нови сателити се веќе во орбитата. Беше лансиран на ракетите Falcon 9 на SpaceX, веројатно заедно со комерцијални сателити.
Засега не е познато кога (или дали) овој сателитски систем ќе биде пуштен во употреба, пренесува Zimo.