More

    Сопруга на секретарот на бугарскиот културен центар во Битола „Иван Михајлов“ го демолирала киоскот на сопругот

    spot_img

    Поранешната сопруга на секретарот на бугарскиот културен центар во Битола „Иван Михајлов“ го искршила стаклото од киоскот во негова сопственост кој го користел за продавање на свеќи и цвеќиња, лоциран на патот кон црквата Света Недела во Битола.

    Вчера од Културниот центар објавија дека е нападнат објектот на секретарот на Културниот центар Иван Михајлов во Битола. Тие соопштија дека случајот е пријавен во СВР Битола, но и во генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола.

    „Повторно се наложува да си поставиме прашање дали е тоа само вандалски и криминален акт или станува збор и за нешто друго“, рекоа вчера од Културниот центар.

    Сопругата на секретарот синоќа јавно на Фејсбук напиша дека таа го искршила објектот поради нивни меѓусебни недоразбирања и изнесе причини поради кои е гневна и поради кои го искршила објектот. Таа порача дека и во соседна Бугарија треба да ги известат дека токму таа го нападнала објектот.

    – Полициски службеници презеле мерки и било утврдено дека сторител е неговата поранешна сопруга, која во службен разговор со полициски службеници во Полициската станица Битола го признала делото и појаснила дека го сторила поради нивни недоразбирања. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена пријава по член 243 од Кривичниот законик – рекоа од МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img