More

    Сомнителен тендер во Гази Баба?

    spot_img

    Денес ќе презентираме и ќе продолжиме, ќе се надоврземе на вчерашните докази за тендерот за улично осветлување во Гази Баба, каде што јавноста треба да утврди дали фирмата ДИГИТАЛ ДООЕЛ со очигледни евидентни податоци на однапред договорени цени добила тендер, изјави Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

    Портпаролот на опозициската партија открива дека фирмата „Дигитал ДООЕЛ“ добила тендер за јавно улично осветлување со сомнителни цени.

    – На пример, набавка и вградување на натриумова цеваста сијалица од 70 вати над 6.600 лумени понудената цена е 10.000 денари по парче, додека пак истата сијалица со моќност од 150 вати над 17.500 лумени, која што по логика на нештата треба да е двојно повисока, понудената цена е само 1.000 денари. Или на пример, набавка и вградување на пригушници цените се следни: од 70 вати чини 2.500 денари парче, а двојно и пет пати помоќни од 150 вати и 400 вати чинат чинат по 1 денар парче – истакна Арсовски, изразувајќи сомневање за тендерска манипулација.

    Тој вели и дека истото се случувало со набавката на ЛЕД светилките.

    – Истото се случува и со ЛЕД уличните асиметрични светилки. Парче со моќност 30-45 вати чини 5.000 денари, додека пак сите останати кои се двојно, тројно или пет, или шест пати помоќни чинат околу 500 денари по парче. Поочигледно од ова нема дека однапред се знаело што и како ќе се работи овој тендер – додава тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img