More

    СО ГРАФИТИ И МУРАЛИ ЌЕ СЕ РАЗУБАВУВА ОХРИД

    spot_img

    „И ѕидовите зборуваат на Охридски – цртање на мурали и графити на јавни површини со мотиви од Охрид“, е проектот на локалната власт  што започна да се реализира  по повод одбележување на 80 години од ослободувањето на Охрид  и е дел од годишната програма за култура на општината.

    Целта  на проектот  е да се популаризира уличната уметност со која јавните површини во градот добиваат  душа. Мотивите се познати личности од општествениот живот во градот , како и стихови и познати цитати од охриѓани.  Преку проектот се настојува да се стимулираат младите уметници да ја прикажат  својата креативност   на јавни површини  кои стануваат посредени и поубави.

    Поради својата содржина и цел,  локалната власт и во иднина ќе го поддржи настанот со кој што  преку окото на уметниците ќе се отсликува градот.

    Во проектот се вклучени младите ентузијасти од Културолошка иницијатива 5 до 12 и навивачката група „Рибари“ која што  годинава одбележува 35 години од основањето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img