Снежни врнежи го погодија регионот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Околу 200.000 домови во северозападниот дел на Босна и Херцеговина (БиХ) денеска останаа без струја поради дефекти предизвикани од обилните снежни врнежи, соопштија електроенергетските компании од двата ентитета.

Електропривреда БиХ од Федерацијата БиХ соопшти дека од 04:00 до 10:30 часот без напојување со електрична енергија останале приближно 180.000 корисници.

„Благодарение на брзите интервенции на екипите за електрична инсталација, повеќето дефекти се санирани и во моментов околу 60.000 корисници се без струја“, соопшти Електропривреда БиХ.

Според компанијата, најтешка е состојбата во Унско-санскиот кантон, односно во Бихаќ, Босанска Крупа, Чазин, Сански Мост и Велика Кладуша.

Електрокраина од Република Српска соопшти дека снежните врнежи предизвикале дефекти на повеќе од 50 среднонапонски далноводи во дистрибутивната област на таа компанија.

Прекинот во снабдувањето со електрична енергија е предизвикан од паѓање на гранки и дрвја на столбовите, како и поради кршење на спроводници под тежината на снегот, се вели во соопштението.

Share This Article