More

    Словачка е во опасна ситуација по атентатот на Фицо?!

    spot_img

    „Сакам да ги повикам јавноста, новинарите и политичарите да престанат да шират омраза и поделби. На прагот сме на граѓанска војна. Емоциите се природно високи, но би било многу лошо да се разгори оваа и онака опасна ситуација“.

    Ова изјави министерот за внатрешни работи на Словачка, Матуш Шутај-Ешток, а известува Еуроњус.

    Неговата изјава следува по атентатот на словачкиот премиер, Роберт Фицо, кој е во стабилна, но сериозна состојба откако вчера беше застрелан неколкупати.

    Властите го опишаа обидот за атентат како политички мотивиран и ги обвинија медиумите и социјалните мрежи за ширење на говор на омраза.

    Словачкиот вицепремиер Томаш Тараба синоќа кажа дека Фицо веќе не е во животна опасност.

    – Во текот на ноќта лекарите успеаја да ја стабилизираат состојбата на премиерот. За жал, таа и натаму е многу сериозна, зашто повредите се сложени – рече министерот за одбрана Роберт Калиник.

    Фицо, кој претходно беше премиер во три наврати, се врати на власт по изборите во септември откако водеше кампања во која изразуваше проруски ставови и ветуваше дека Словачка веќе нема да праќа воена помош во Украина.

    Фицо има само 25 години кога комунистите ја губат власта во тогашната Чехословачка. Тој само што ги завршува студиите по право и станува член на Комунистичката партија кога се распаѓа целиот поредок за кој бил обучуван. Млад и талентиран, Фицо се придружува на партијата која ги наследува комунистите и е избран за пратеник во 1992 година.

    Откако најголем дел од 1990-те ги минува во Стразбур работејќи во Европскиот суд за човекови права, Фицо во 1999 година формира партија која ќе доминира во словачката политика во следните децении. Смер-СД, која произлегува од авторитарната партија Движење за демократска Словачка, финансирана од олигарси, освојува само 13,5% гласови на изборите во 2002 година. Четири години подоцна поддржаноста расте на 29%, кога Фицо ја формира својата прва влада.

    Фицо е во својот трет премиерски мандат во 2018 кога Словачка ја потресува убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата свршеница. Две недели подоцна, Фицо поднесува оставка, а Смер доживува тежок пораз на изборите во 2020 година. Откако ја губат власта, Фицо и неговите политички сојузници се под истрага за корупција и злоупотреба на власта. Фицо дури е уапсен во април 2022, но обвинувањата против него потоа се отфрлени.

    И покрај сѐ, Фицо лани се враќа на власт и почнува да спроведува мерки што не му се допаѓаат на Брисел, како смена на раководството на елитната полициска единица, отфрлање на независните медиуми, носење нов кривичен законик за да се олеснат казните за корупција и закани дека невладините организации со странско финансирање ќе бидат означени како странски агенти, по примерот на Русија и Грузија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img