More

    Скршениот родител бара да се истражат околностите за смртта на неговата ќерка

    spot_img

    Во петокот непосредно пред концертот на популарната пејачка се случи несреќа.

    Трагедијата што се случи на концертот на Тејлор Свифт во Бразил, кога почина девојката по име Ана Беневидес, ја тресе светската јавност. Сега се огласи и таткото на несреќното девојка, кој е очаен.

    Најпрво се пишуваше дека трагедијата се случила во текот на настапот, но музичката ѕвезда подоцна изјави дека се се случило пред таа да застане на сцената.

    Таткото на младата Ана сега проговори за бразилските медиуми.

    – Ја изгубив единствената ќерка, среќна и интелигентна девојка. Следниот април требаше да дипломира психологија, штедеше пари за тоа. Немам зборови да ја изразам мојата болка. Таа излезе од дома за да го оствари својот сон и почина, изјави таткото за бразилскиот весник „Фолха де С. Паоло“.

    Таткото бара да се истражат околностите под кои таа починала:

    – Сакам да се утврди дали навистина било забрането да се носи вода, дали имало невнимание при пружањето помош.

    Имаше информации дека Тејлор Свифт му рекла на обезбедувањето да им дава вода на публиката на влезот од стадионот каде што се одржува концертот, а се појавија и снимка на кои се гледа како пејачката фрла шишиња со вода на обожавателите. Таа повеќепати го прекина настапот и бараше вода за насобраните обожаватели.

    Како што пишува „Фолха де С. Паоло“, обожавателката Ана Беневидес се онесвестила, реанимација била извршена на стадионот и траела 40 минути, а несреќната девојка на патот кон болницата доживеала втор срцев удар. Починала набргу откако била хоспитализирана, пишува „Пејџ сикс“. Тој ден во Рио де Жанеиро беше 38 степени, но субјективното чувство било како живата во термометарот да е над оваа бројка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img