More

    Сите ноќни клубови во Велика Британија би можеле да бидат затворени до 2030 година, доколку локалите продолжат да се затвораат со сегашното темпо

    spot_img

    Сите ноќни клубови во Велика Британија би можеле да бидат затворени до 2030 година, доколку локалите продолжат да се затвораат со сегашното темпо, објавија тамошните медиуми повикувајќи се на податоците на Здружението на ноќни клубови (NTIA).

    Според NTIA, 123 ноќни клубови се затворени во период од 9 месеци, а тоа говори дека со оваа стапка би се затвориле сите ноќни клубови за 8 години.

    Моментално во Британија работат 1.068 ноќни клубови, но и ним им се заканува затворање бидејќи нивните приходи се намаленуваат. Потрошувачката во овие клубови се намали за 15 отсто оваа година како резултат на енергетската криза и потребата граѓаните да штедат.

    Здружението на ноќните клубови ја обвини владата на Велика Британија дека ја занемарува важноста на ноќната економија иако привлекува повеќе од 300 милиони туристи годишно, создава повеќе од 112 милијарди фунти (129 милијарди долари) приход и вработува речиси 2 милиона луѓе.

    Минатата недела, шефот на здружението Мајкл Кил ги повика властите да престанат да го „убиваат ноќниот живот“ и повторно да ги замрзнат царините за алкохол, да го продолжат олеснувањето на деловните стапки и да го намалат ДДВ.

    Кил постојано предупредува дека падот на ноќните клубови е трагедија за Велика Британија бидејќи тие негуваат таленти и служат како важни „културни и социјални центри“. Тој предупреди дека  затворањето на безбедните лиценцирани места може да доведе до повторно оживување на нелегални и опасни забави.

    Истражувањето на Баркликард минатиот месец откри дека повеќе од половина од Британците планираат да ги намалат трошоци, вклучително и јадењето и пиење надвор, за да можат да ги платат сметките за енергија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img