Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди турската провинција Кахраманмарас во саботата во 4:55 часот по локално време.
Епицентарот на земјотресот бил во областа Гоксун, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
Утврдено е дека земјотресот се случил на длабочина од седум километри.
На 6 февруари Кахраманмарас беше епицентарот на два земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, кои погодија 11 турски провинции.
Околу 14 милиони луѓе во Турција беа погодени од овие земјотреси, како и многу други во северна Сирија.