Украина можеби го направи „првиот чекор“ кон промена на стратегијата во одбивањето на рускиот напад, анализира Роман Гончаренко за Дојче веле.
Професорката на Американскиот универзитет во Њу Хемпшир, Џен Спиндел, ги оценува актуелните настани во регионот Курск.
– Украина не може да продолжи да ја води оваа војна на ист начин како во претходните две години. Едноставно нема ресурси за тоа – ниту луѓе, ниту оружје – забележува американската експертка за надворешна и безбедносна политика.
Спиндел смета дека операцијата на Украина во регионот Курск може да биде обид за промена на стратегијата „од војна на еднаквите – во војна на трошење, асиметрична војна“. Таа и нејзините колеги расправаа за токму таков пристап во написот со наслов „Како Украина може да направи повеќе со помалку“, објавен во американското списание Форајн аферс (Foreign Affairs).
– Украина покажува дека руската територија повеќе не е недостапна и дека Украина ќе ја нападне Русија со цел да ја принуди да пренасочи дел од своите сили насочени кон бомбардирање и уништување во Украина – вели експертката.
Зошто вооружените сили на Украина влегоа во регионот Курск?
Три дена по почетокот на операцијата на Вооружените сили на Украина во Курската област, сѐ уште има малку информации за тоа што се случува на украинската страна.
– Русија ѝ донесе војна на нашата земја и треба да почувствува што направи – изјави синоќа претседателот Володимир Зеленски.
Руски извори известија дека утрото на 6 август силите на украинската армија, користејќи и украински и западни оклопни возила, влегле на територијата на регионот Курск, напредувале 10 километри во внатрешноста и своспоставиле позиција.
Руското Министерство за одбрана во четвртокот, 8 август, извести дека напредувањето е запрено и дека борбите се водат во две области – Судженски и Кореневски.
Тоа е прв ваков напад на Украина директно врз Руската Федерација, а не на териториите што Русија ги окупира од почетокот на големата инвазија. Во текот на 2023 година, слични операции, но во помал обем, беа спроведени во регионот Белгород на територијата на Русија од вооружени формации составени од Руси кои се борат на страната на Украина. Потоа, во мај 2024 година, Русија зазеде два дела долж границата во Харковската област, пред да биде запрена.
Австрискиот воен историчар, потполковник Маркус Рајснер, смета дека украинската операција била внимателно планирана и дека руската разузнавачка служба доживеала „целосен неуспех“. Тој вели дека Украина извојувала „јасна информативна победа“ бидејќи вниманието сега е насочено кон Курск, а не кон Донбас, односно кон градовите Торек и Часов Јар, каде што „ситуацијата ескалира“ за вооружените сили на Украина.
Според Рајснер, доколку Украина успее да задржи делови од регионот Курск, може да ја принуди Русија да се прегрупира и да го „намали притисокот“ врз украинските вооружени сили во Донбас.
„Добро за моралот, но нема големи последици за војната“
Експерт во истражувачкиот центар Европски совет за надворешна политика, Густав Гресел, гледа на ситуацијата со поголема доза на скептицизам.
– Добро е за моралот, но нема поголеми последици за војната во целина. Нема индикации дека Русија ќе ги повлече силите од источна Украина за да ја запре оваа украинска операција. Пред сè, Руската Федерација ќе има корист од растегнувањето на фронтот, поради навлегувањето на руска територија, бидејќи тоа ќе доведе до прекумерно растегнување на украинските сили – ги оценува тој настаните во Курската област.
Експертите споменуваат и други цели на Киев – подобрување на позициите во можните идни преговори со Русија и желбата да му покаже на Западот дека Украина е способна успешно да ѝ се спротивстави на руската армија по неуспешната контраофанзива во летото 2023 година.
– Можеби украинското раководство сака да ѝ покаже на Русија, а пред сè на Западот, дека украинската сила не е исцрпена и дека, ако продолжи испораката на оружје, Украина сепак може да победи во војната – вели германскиот политиколог и публицист Винфрид Шнајдер-Детерс.
Што ќе кажат САД и другите партнери на Украина?
– Досега Украина се воздржуваше од такви акции, земајќи ја предвид позицијата на нејзините западни партнери, пред сѐ на САД – забележува Шнајдер-Детерс.
Плашејќи се од реакцијата на Русија, Вашингтон, Берлин и други ѝ забранија на Украина да го користи своето оружје на руска територија. САД и другите земји го олеснија тоа ограничување дури во мај 2024 година поради руската офанзива кај Харков, но само за напади врз воени цели во пограничните области, а не со сите видови оружје. Украина, на пример, може да користи само ракети ATACMS на нејзината територија окупирана од Руската Федерација.
САД досега беа воздржани во својата реакција на настаните во Курск, но експертите како Џен Спиндел веруваат дека „имаше многу разговори на високо ниво“ меѓу Вашингтон и Киев и дека „во следните часови и денови ќе се направат напори фокусирани на дипломатски обиди за смирување на тензиите – колку што тоа е можно сега“.
Istovremeno, Kijev treba da održi ravnotežu i da uzme u obzir poziciju SAD, smatra Špindel. Ukrajina je do sada, prema mišljenju američke profesorke, napredovala „dovoljno da bi operacija bila osetljiva za Rusku Federaciju, ali nedovoljno da bi SAD i drugi partneri Ukrajine strahovali od moguće eskalacije“. Sve u svemu, Špindel ne očekuje da će događaji u Kurskoj oblasti doneti „značajne promene“ u samom toku rata. Ona smatra da će „takvih operacija biti još, a Ukrajina će pokušati da postigne efekat iznenađenja“. Cilj je, zaključuje Džen Spindel, „izbaciti Rusiju iz ravnoteže“.
До каде можат да напредуваат украинските сили во регионот Курск?
Според Спиндел, украинската операција во областа Курск нема за цел „војската да стигне до Москва“. Таа предупредува дека колку повеќе напредуваат украинските вооружени сили, толку е поголем ризикот Русија да успее да го прекине снабдувањето на таа група. Според нејзиното мислење, Украина, за да ги постигне своите воени цели, не треба да навлезе длабоко на територијата на Руската Федерација, туку „да напредува до местата од кои се извршуваат нападите и каде што се складира оружјето“.
Во исто време, Киев треба да одржува рамнотежа и да ја земе предвид позицијата на САД, смета Спиндел.
Досега, според американската професорка, Украина напредувала „доволно за да биде операцијата чувствителна за Руската Федерација, но недоволно за да стравуваат САД и другите партнери на Украина од можна ескалација“.
Сè на сè, Спиндел не очекува дека настаните во регионот Курск ќе донесат „значајни промени“ во текот на самата војна. Таа смета дека „ќе има уште такви операции, а Украина ќе се обиде да постигне ефект на изненадување“. Целта, заклучува таа, е да се „исфрли Русија од рамнотежа“.