Што се крие зад новата војна во Босфорот и во Црното Море?

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Русите ги нападнаа две од трите клучни украински пристаништа на устието на Дунав, Рени и Измаил, кои се блиску до границата со Романија и Молдавија. Од таму излегува 90 отсто од украинското жито за целиот свет, кое сега е заглавено. На оваа рута меѓу Босфорот и градот Одеса каде веќе патролира корветата „Сергеј Котов“ може да се случат нови конфликти кои ќе ја засилат војната во Црното Море.

Нападот врз Дунав им овозможува на Русите да го блокираат украинското жито во Африка и на Блискиот Исток и со тоа да создадат светска криза. Цената на пченицата на берзите од понеделникот веќе е за 14 отсто повисока, односно за една седмина од цената за која се продавало претходно. Пченката поскапе за 10 отсто. Обнова на Договорот за жито уште нема.

Вратете ни го СВИФТ-от, а ние вам житото
Што бараат Русите за возврат за да го одблокираат овој синџир на храна за кој реагираше и директно Антонио Гутереш од Обединетите Нации? Меѓу нивните барања најмногу се истакнува враќањето на системот СВИФТ за електронско плаќање кој им беше оневозможен со западните санкции. Дали е тоа санкцијата која најсилно го погоди Кремљ од сите досегашни мерки?

Тука е и барањето да извезуваат вештачко ѓубриво и да си ја повратат својата Аграрна банка „Росељхозбанк“.

И Русија може да ве снабдува со житарки
Весникот „Комерсант“ пишува дека Кремљ смета дека годинава извозот на руски житарки би можел да достигне рекордно ниво, бидејќи од крајот на јуни веќе има извезено повеќе од 58 илјади тони. Дали Русија смета дека сама може да го снабдува светот и да ја преземе улогата на Украина во врска со житата?
Москва смета дека во 2024 година побарувачката за нејзиното жито ќе се зголеми бидејќи проблемот е што оваа година Украина може да произведе до 25 отсто помалку жито отколку пред војната, што само по себе може да предизвика криза со храна, бидејќи Украина е меѓу петте најголеми извозници. Путин игра на картата дека Западот, доколку постои закана од глад, би можел да ја олабави контролата на санкциите.

Ќе пресретнуваат бродови, ќе има војна
Новите руски патроли според британските служби значат и нови конфликти.

„Постои реална можност тие да бидат дел од група за пресретнување на комерцијални бродови за кои Русија верува дека пловат кон Украина“, се наведува во извештајот на британското Министерство за одбрана.

Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли во вторникот предупреди дека „Обединетото Кралство верува дека Русија би можела да ја ескалира својата кампања за уништување на украинскиот извоз на храна со гаѓање на цивилни бродови во Црното Море“.

Кина неволно гледа на ситуацијата со житото бидејќи таа е најголемиот светски купувач на украинско жито. Но, според руските прорежимски медиуми Кина го препродава житото по повисоки цени. Тука е на повидок нова кавга меѓу Москва и Пекинг.

- Advertisement -
Ad image

Според зборовите на Антонио Гутереш од ОН пак, најранливите ќе ја платат највисоката цена.

фото: craiyon.com

Share This Article