Можете ли да погодите кој витамин е познат како сончев витамин?
Ако одговоривте витамин Д, во право сте. Витаминот Д природно се синтетизира преку кожата кога е изложена на сончевите зраци и затоа се нарекува и сончев витамин. Околу 15 минути сончање на целото тело е доволно да се обезбедат дневните потребни количини со овој витамин. Се разбира облеката, како и млеката за сончање со заштитен фактор ги запираат сончевите зраци и спречуваат создавање на витаминот кој има исклучителна улога во телото затоа што помага да се апсорбира калциумот неопходен при формирање на здрави коски во најмладата возраст, како и за одржување силни коски кај возрасните. Исто така витаминот влијае на имунитетот и има значајна улога и во други процеси кои го одржуваат телото здраво.
Друг начин да се внесе е преку храната, но тука го има во мали количини, и затоа во зимските и облачни месеци најчесто се внесува како суплемент.
Во летните месеци, пак, треба да се избегнува прекумерно сончање и да се внимава да не се изложувате на сонце во периодот кога нивото на лошите УВ – зраци е многу високо и може да ја оштети кожата.
Што прави витаминот Д за телото?
Како што веќе спомнавме помага за формирање здрави коски и заби кај бебињата, но и за одржување силни коски кај возрасните и кај старите лица. Односно помага да се искористат калциумот и фосфорот од крвта. Влијае на коагулацијата на крвта. Дава поддршка на имунитетот. Влијае на правилната работа на кардиоваскуларниот систем. Помага да се контролира метаболизмот на гликозата, а повеќе години наназад се истражува и дали влијае на намалување на ризикот од деменција и рак. Витаминот помага за добра функција на мускулното и нервното ткиво. И има позитивно влијание врз здравјето на кожата.
Витаминот Д како суплемент го добиваат и новороденчињата и децата, особено во зимските месеци. Присутен е во суплементите и мултивитамините за возрасните, и тоа како витамин Д3 бидејќи во оваа форма се смета дека телото најдобро го искористува.
За тоа колку македонските граѓани користат суплементи и мултивитамини во кои може да има витамин Д3, одговорот го побаравме во истражувањето за здравствената состојба и користењето лекови во Македонија, што во втората половина од 2022 година го организираше фармацевтскиот гигант Галеника. Според анализата на податоците 48% од испитаниците се изјасниле дека од додатоците за зајакнување на имунитетот преферираат или суплементи со витамини и минерали или препарати посебно наменети за подигање на имунитет. Минералите и витамините вообичаено ги користат сезонски, односно кога луѓето сметаат дека им е потребна заштита, а најголем број испитаници претпочитаат поединечни витамини и минерали. Во просек земаат најчесто околу 3 производи на минерали и витамини, а при изборот на производот најмногу влијае советот од докторот, а потоа на фармацевтот.
Галеника, на која веќе 78 години во фокусот ѝ е здравјето на луѓето и неговата заштита, во производното портфолио под брендот VitUp има неколку производи со витамин Д кои се наменети за возрасни и за бебиња. Токму преку оваа богата понуда се одразува и значењето што витаминот го има за одржување и градење на здрава и среќна личност.
Фармацевтската компанија Галеника во последните години израсна во регионален лидер, која со докажанo квалитетно производство продолжува да се трансформира и расте во интернационален лидер што ги освојува европските и меѓународни пазари. Нејзините производи веќе 78 години се достапни во македонските аптеки, овозможувајќи секому пристап до високо квалитетни и современи производи кои одговараат на барањата на модерното живеење на секој поединец.