Кафето е дел од утринската рутина, а некои дури се колнат дека без шолја (или две) од оваа течност не можат да го преживеат денот. Но, колку кафе всушност се препорачува да се пие?
Дали пиете кафе? Ако вашиот одговор е да без двоумење, тогаш треба да сфатите колку кофеин можете да си дозволите дневно.
Пред да се справиме со главното прашање, треба да знаете некои од добрите и лошите последици од пиењето кафе.
Несакани ефекти од пиењето кафе:
– Особено големи количини на кафе можат да влијаат на вас на спротивен начин – наместо да добиете поттик на нова енергија, вие станувате нервозни, немирни и анксиозни.
– Кофеинот го стимулира ослободувањето на адреналин, а како резултат на тоа може да имате проблеми со спиењето, главоболки, да се чувствувате полошо од порано…
– Ако некогаш сакате да се разбудите без кафе, можеби сте паднале во стапица. Телото брзо ќе се навикне да се буди со доза на кофеин, па ќе имате полоши перформанси во деновите кога би сакале да станете без кафе. Нема да можете да се ослободите од поспаноста во текот на денот и конечно ќе се согласите на уште една шолја кафе.
Добри последици од пиењето кафе:
– Шолја кафе може да направи да се чувствувате подобро за време на вежбањето и можете да дадете се од себе.
– Антиоксидансите во кафето се грижат за слободните радикали – нестабилни молекули кои предизвикуваат оштетување во телото.
– Токму поради пиењето кафе може да се соберете подобро наутро и да бидете подготвени за справување со стресни ситуации. Дури и малите количества на кофеин придонесуваат за тоа, па една шолја кафе е доволно. Времето на реакција и одговорот на мозокот исто така ќе бидат подобри.
– Антиоксидансите можат да го намалат оксидативниот стрес, кој влијае на отчукувањата на срцето.
Сега на прашањето: дали можеме да пиеме кафе секој ден?
Ако сте забележале дека кофеинот има добро влијание врз вас и остава повеќе добри отколку лоши ефекти врз вашата благосостојба, нема причина да не се препуштате на шолја кафе секој ден. Сепак, погрижете се кафето да не ги влоши никакви здравствени состојби. Исто така, вреди да се погрижите да уживате во кафето најмногу наутро и на тој начин да обезбедите квалитетен ноќен сон.
Како и за сè, на кафето му е потребна умереност. Можеме брзо да претераме, затоа набљудувајте го вашето тело и дознајте колку кафе ви одговара. Почитувајте ја оваа граница, може да почувствувате и некои од добрите последици.