More

    Што ако Русија не го обнови договорот за жито?

    spot_img

    Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш, апелираше до Русија да го оживее договорот за жито во Црното Море, постигнат со посредство на ОН, за да се овозможи проток на извоз на жито од пристаништата на Украина во Црното Море.

    За време на неговиот говор на отворањето на тридневниот самит за храна во Рим, Гутереш изрази жалење дека гладните во светот ќе бидат најмногу погодени доколку договорот не се обнови.

    – Најранливите ќе платат највисока цена – рече тој.

    Договорот за жито го одржуваше извозот на жито во земјите во развој, особено во Африка и Блискиот Исток од инвазијата на Москва на Украина во февруари 2022 година.

    Цените на пченицата се зголемија за повеќе од 14 отсто од понеделникот, кога Русија се повлече од договорот за жито, а цените на пченката се зголемени за повеќе од 10 отсто.

    Русија одбива да го обнови договорот додека не се подигнат санкциите за рускиот извоз на храна и ѓубрива.

    Претходно денес, руските воздушни напади ги погодија украинските магацини за жито на реката Дунав, оштетувајќи ја алтернативната транспортна рута на украинското жито таму и ранија седум лица.

    Речиси 30 бродови се блокирани во близина на клучниот терминал на пристаништето Измаил во Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img