More

    Русија ги прекршила безбедносните стандарди на ОН

    spot_img

    Присуство на мини во близина на нуклеарната централа Запорожје што е окупирана од руските сили, го вклучи аларомот за опасност. Експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) потврдија дека се лоцирани мини во опасна зона.

    За време на инспекцијата пред два дена тимот на МААЕ регистрирал мини лоцирани во тампон зоната помеѓу внатрешните и надворешните бариери на локацијата. Мините се лоцирани во ограничена област, недостапна за персоналот, се наведува во соопштението на МААЕ.

    Агенцијата на ОН истакнува и дека присуството на такви експлозиви на локацијата не е во согласност со безбедносните стандарди на МААЕ и упатствата за нуклеарна безбедност и создава дополнителен психолошки притисок врз персоналот на централата и покрај првичната процена на МААЕ, дека евентуално детонирање не треба да влијае на системите за нуклеарна безбедност и безбедност на локацијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img