Во Шпанија, која беше погодена од топлотен бран кон средината на јануари, вчера беа забележани температури од околу 30 степени Целзиусови, соопшти локалната метеоролошка служба.
Во Валенсија вчера беше 29,5 степени, а во Малага 27,8 степени, наведе службата, додавајќи дека температурата над 20 степени е забележана во околу 400 метеоролошки станици.
Ваквата температура е специфична за средината или крајот на јуни, односно во текот на летото, изјави портпаролот на метеоролошката служба.
Според Дејвид Корел, истражувач од Универзитетот во Валенсија, топлината во средината на зимата, која го зафаќа југоисточниот дел на Франција, е предизвикана од присуството на силен антициклон над Средоземното Море.
Шпанија се соочува со се почести топлотни бранови, понекогаш и надвор од летните месеци, што ги загрижува научниците.
Земјата веќе забележа невообичаено висока температура во декември, со максимални 29,9 степени во Малага, што е национален рекорд за месец декември.
Овие топлотни бранови се случуваат во контекст на силна суша, особено во Андалузија и Каталонија на исток, каде властите воведоа рестриктивни мерки за потрошувачка на вода, по три години слаб дожд.