Германскиот канцелар Олаф Шолц во понеделникот ги увери кинеските студенти во Шангај дека не треба да консумираат канабис доколку студираат во Германија и дека го легализирала со надеж дека потрошувачката ќе падне.
Шолц го кажа ова како одговор на прашање на студент на Универзитетот Тонги кој се прашуваше дали ќе мора да пуши канабис ако студира во Германија.
Во февруари, Германија ја легализираше потрошувачката на растението, дозволувајќи им на поединци и здруженија да го одгледуваат и да поседуваат ограничени количини.
„Ние не сакаме повеќе луѓе да користат канабис, сакаме помалку луѓе да го прават тоа, сакаме повеќе јавна едукација за тоа“, рече Шолц.
„Одговорот е едноставен: не пушете. Оваа година ќе имам 66 години и никогаш не сум пушел канабис“.
Канцеларот е во официјална посета на Кина, каде во вторник во Пекинг ќе се сретне со раководството на земјата. Шолц тврди дека Германија сакала да го извади канабисот „од сивата зона“.
Според податоците на германското Министерство за здравство, во 2022 година, околу четири милиони луѓе конзумирале канабис во Германија.