More

    Шеснаесетти февруари ќе биде прогласен за Ден на националното единство

    spot_img

    Задутре, односно среда, на 16 феруари би можел да биде датумот за руската окупација на Украина, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски во свое видео-обраќање до Украинците, а тој ден ќе биде прогласен за Ден на украинското национално единство.

    „Ни велат дека 16 февруари ќе биде денот на нападот. Ние ќе го направиме ден на единство. Се обидуваат да нѐисплашат со уште едно именување датум за почеток на воената акција“, вели Зеленски во видеото.

    Зеленски не кажува точно од кој извор ја дознал информацијата, но неколку американски новински агенции објавија дека Вашингтон верува дека на тој датум руските сили ќе бидат подготвени за напад, доколку Владимир Путин издаде наредба.

    Во меѓувреме, последните изјави од Џо Бајден, Борис Џонсон, но и од Сергеј Лавров се во насока дека уште постојат шанси за дипломатско решение за кризата во Украина. Откажувањето на украинската апликација за НАТО и спроведување на Договорите од Минск се само неколку од патоказите за кои се шпекулира дека можат да бидат дел од решението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img