Шефот на разузнавачката служба на Украина Кирило Буданов изјави дека војната со Русија ќе биде пресвртница во средината на август, а дека војната ќе заврши до крајот на годината.Генерал-мајор Буданов, исто така, рече дека веќе е во тек државен удар за смена на претседателот Владимир Путин од власт и дека рускиот лидер е сериозно болен од рак.
„Путин е во многу лоша психичка и физичка состојба и е многу болен. Има и рак и други болести“, рече тој.
„Поголемиот дел од активните борбени операции ќе бидат завршени до крајот на оваа година. Како резултат на тоа, ќе ја вратиме украинската моќ на сите наши изгубени територии, вклучително и Донбас и Крим“, рече шефот на разузнавањето.
Тој додаде дека Русија трпи огромни загуби во војната, а украинската воена разузнавачка служба знае за нивните планови речиси во моментот кога се прават.
„Осум години се бориме против Русија и можеме да кажеме дека силната руска сила е само мит. Тие не се толку моќни. Тоа е орда луѓе со оружје“, изјави Буданов за Sky News.