Шефот на полската дипломатија, Радослав Сикорски, денеска изјави дека побарал од израелскиот амбасадор во Варшава, Јаков Ливно, „итно објаснување“ за смртта на полскиот волонтер Дамијан Собол, кој загина во понеделникот во Појасот Газа додека доставувал помош за Палестинците.
Невладината организација World Central Kitchen објави дека седум нејзини активисти од Австралија, Велика Британија и Полска загинале во израелски воздушен напад.
Според Сикорски, Ливне му кажала дека Полска наскоро ќе ги добие резултатите од истрагата за трагедијата, пренесува Ројтерс.
Израелската армија соопшти дека спроведува детална истрага на највисоко ниво, со цел да се утврдат околностите на трагичниот инцидент.