More

    Клучните информации за исчезнувањето на 2-годишната Данка Илиќ се кај мајката, сметаат експертите

    spot_img

    Клучните информации за исчезнувањето на 2-годишната Данка Илиќ се кај мајката, сметаат експертите кои се вклучија во разрешување на мистеријата која веќе осми ден го потресува регионот додека трае потрагата по исчезнатото девојче, пренесува Информер.рс

    Малата Данка Илиќ беше пријавена за исчезната во вторник на 26 март во 13 часот и 45 минути во приградската населба Бањско Поље во Бор. Според мајката Ивана Илиќ, девојчето исчезнало кога отишла до автомобилот да му даде вода на својот 3-годишен син кој исто така бил со неа во посетата на напуштената куќа во која порано живеело нејзиното семејство. Од тој ден на Данка ѝ се губи секаква трага.
    Мајката на девојчето неколку пати беше сослушана од полицијата, а неофицијално е проценето дека е ладнокрвна и не покажува емоции.

    Психолот Снежана Репац го откри психолошкиот профил на мајката на малата Данка.

    – Не ја знаеме мајката на Данка за да можеме да тврдиме каква личност всушност е таа. Секој различно ги прифаќа шокантните информации. Не можеме со сигурност да кажеме каков карактер има, можеби е во состојба на шок, можеби има карактер кој има способност да ги замрзне емоциите. Во оваа ситуација секој би имал индивидуална реакција и не е наше да го судиме карактерот на другите. Луѓето кои имаат ладнокрвен карактер си создаваат визија и живеат во илузија дека ситуацијата може да се реши – вели Репац.

    Таа ги коментираше и шпекулациите дека мајката има врска со исчезнувањето и затоа е мирна.

    – Меѓутоа, од друга страна, нејзината смиреност и ладнокрвност можеби произлегуваат од тоа што има некакви информации поврзани со исчезнувањето на девојчето. Поради тоа таа се најде во центарот на вниманието на јавноста и го привлече вниманието на полицијата и на јавноста. Ако има одредени информации, тогаш гледа излез од сѐ и има одредена сигурност поврзана со целата ситуација. Информациите и даваат надеж за разрешување на случајот – заклучува Сенжана Репац.

    Малата Данка Илиќ исчезна во Банско Поље додека била во друштво со својата бремена мајка Ивана и нејзиниот 3-годишен брат. Според зборовите на мајката, девојчето исчезнало додека се свртела кон својот син да му даде вода. Необичен е иподатокот дека неподредно пред да исчезне, мајката три пати го фотографирала девојчето.

    По пријавата, полицијата се вклучи во потрага, прегледан е целиот терен околу напуштената куќа во Банско Поље, а по девојчето е распишана жолта потерница од Интерпол.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img