More

    Шампионот од Мелбурн објасни зошто живее во Монте Карло

    spot_img

    По освојувањето на титулата на Австралија Опен, Италијанецот Јаник Синер е херој на нацијата, но има и критики за младиот тенисер. Тоа најмногу се однесува на неговото место на живеење, а тоа не е Италија туку Монте Карло, каде што плаќа даноци на неговата значителна заработка. Сонародниците му замеруваат на Синер што не плаќа данок во неговата земја.

    Синер на прес-конференцијата  по разговорот со премиерката Џорџа Мелони, се обиде да објасни зошто се преселил во Монте Карло.
    – Таму се чувствувам како дома – рече италијанскиот тенисер.

    Синер појасни и дека даноците не се главната причина за неговата преселба во Кнежевството Монако.

    – Најдоброто нешто е што има толку многу играчи со кои може да тренирате во секое време. Сите најдобри играчи се тука, терените се секогаш на располагање. Дефинитивно тоа е најдоброто место за тренинг и развој. Имам нормален живот, можам да одам во супермаркет без никакви проблеми – истакна 22-годишниот италијански тенисер кој во Монако престојува од 2020 година.

    Од тенисерите, негови „сограѓани“ во Монте Карсло се: Новак Ѓоковиќ, Матео Беретини, Данил Медведев, Саша Зверев, Холгер Руне, Стефанос Циципас, Лоренцо Музети…

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img