More

    Ебрахим Раиси: Иран нема да започне војна, но „силно ќе одговори“ на секој што ќе се обиде да го малтретира

    spot_img

    Иран нема да започне војна, но „силно ќе одговори“ на секој што ќе се обиде да го малтретира, изјави денеска иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

    -Нема да започнеме никаква војна, но ако некој сака да не малтретира, ќе добие силен одговор – рече Раиси во телевизискиот говор.

    Според него, Вашингтон ја променил својата реторика и сега тврди дека нема намера да се судри со Иран, иако претходно предупреди дека на маса е и воена опција.

    – Претходно, кога тие (Американците) сакаа да разговараат со нас, кажуваа дека и воената опција е на маса. Сега велат дека немаат намера да се конфронтираат со Иран – рече Раиси.

    Иранскиот претседател нагласи дека Техеран не е закана за ниту една земја во регионот.

    Си-би-ес Њуз, цитирајќи американски официјални претставници, вчера објави дека САД одобриле планови за повеќедневни напади врз повеќе цели во Ирак и Сирија, вклучувајќи и напади врз ирански персонал и објекти во овие земји.

    Британските медиуми повикувајќи се на изјави на четворица американски функционери, претходно објавија дека САД процениле дека Иран направил дрон со кој минатата сабота е извршен напад врз американската база „Кула 22“ на границата меѓу Сирија и Јордан, во кој загинаа тројца , а повеќе од 40 американски војници беа ранети.

    Изворите додаваат дека елитната иранска Револуционерна гарда ги повлекува високите офицери од Сирија.

    Исламскиот отпор во Ирак, водечка група на неколку вооружени ирачки милитантни фракции поддржани од Иран, ја презеде одговорноста за нападите на јорданско-сириската граница, вклучително и напад со беспилотно летало врз американската воена база.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img