More

    Шакира: Песните што ги пишувам се најдобрата терапија за мене

    spot_img

    Песните што ги пишувам ми се најдобра терапија, нивниот ефект е подобар од сеанса со психолог или психоаналитичар, изјави колумбиската ѕвезда Шакира во првото интервју што го даде откако ја објави песната во која грубо се пресметува со поранешниот партнер. Жерар Пике.Пејачката во јануари ја сними песната „BZRP Music Session #53“ и тоа беше големо олеснување, откри таа во интервју за мексиканската телевизија.

    -„Влегов во студиото во едно расположение, а го оставив во сосема друго (…) тоа беше големо олеснување, исцелување, закрепнување“, објасни таа.

    „Без таа песна, верувам дека не би била таму каде што сум денес“, додала Шакира.

    Нејзиниот десетгодишен син Милан и дал идеја да напише песна во соработка со аргентинскиот продуцент Бизарап, вели таа.

    „Ми рече „мораш да снимиш нешто со него, Бизарап е аргентински бог“.

    Шакира и 36-годишниот поранешен фудбалер во април објавија дека се разделуваат, по повеќе од една деценија заеднички живот во кој имаа две деца, Милан и Саша (8).

    „Многу фитнес, но треба и малку да го вежбаш мозокот“, „Ферари си заменил за Твинго, а Ролекс за Касио“, „Нема да ти се вратам и да ме молиш да плачам“, „Одамна те надминав и затоа сега си со личност на твое ниво“, вели Шакира во песната во која не ја штеди новата партнерка на нејзиниот поранешен партнер, Шпанката Клара Чија (23).

    Тоа е трета песна на Шакира посветена на раскинувањето со Пике, по претходните „Te felicito“ (Ти честитам) и „Monotonia“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img