More

    Можностите за надминување на предизвиците за почеток на пристапните преговори со ЕУ, беа во фокусот на средбата на претседателот Пендаровски со неговиот словенечки колега Борут Пахор

    spot_img

    Можностите за надминување на предизвиците за почеток на пристапните преговори со ЕУ, беа во фокусот на средбата на претседателот Стево Пендаровски со неговиот словенечки колега Борут Пахор.

    На средбата која се одржа во рамки на учеството на Пендаровски на 58. Минхенска безбедносна конференција, двајцата претседатели истакнаа дека успешноста на политиката на проширување ќе зависи од македонскиот случај.

    Претседателот Пендаровски се заблагодари на принципиелната и континуирана поддршка за европската иднина на Северна Македонија, особено гласна за време на неодамнешното словенечко претседавање со Советот на Унијата.

    Тој информираше за последните случувања во тој контекст и динамиката што е предвидена меѓу двете нови влади, потенцирајќи дека Северна Македонија посветено ќе работи на изнаоѓање европско, достоинствено решение во билатералните предизвици со Бугарија.

    Според претседателот Пендаровски, отворањето на пристапните преговори за членство на Република Северна Македонија со Европската Унија позитивно ќе придонесе за просперитетот и стабилноста на целиот регион, а ќе даде и дополнителен импулс на севкупниот реформски процес во државата.

    На средбата се разговараше и за безбедносните состојби во регионот и во евро-атлантскиот простор.

    Беа реафирмирани и одличните билатерални односи, базирани на традиционално пријателство, силно стратешко партнерство и долгогодишна конструктивна соработка и поддршка.

    Претседателот Стево Пендаровски на маргините на Минхенската безбедносна конференција оствари средби со директорот на француската генерална дирекција за надворешна безбедност (ДГСЕ) Бернар Емие и со директорот на германската разузнавачка агенција (БНД), Бруно Кал.

    Соговорниците, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, размениле мислења и информации за актуелните политичко-безбедносни состојби и предизвици поврзани со настаните во поширокиот регион.

    На средбите претседателот Пендаровски оценил дека комуникацијата и соработката меѓу безбедносните агенции се важни, особено меѓу членките на НАТО во рамки на кое се водат разговори и консултации за справување со заедничките безбедносни предизвици.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img