Меѓународниот аеродром во Инчеон во Јужна Кореја беше затворен утрово 3 часа, поради околу 350 балони со ѓубре пукна во воздухиспратени од Северна Кореја.
Еден балон слетал во близина на терминалот на аеродромот, па 3 писти беа затворени, објави Војс оф Америка.
Северна Кореја од крајот на мај пушта балони со ѓубре на Јужна Кореја. По 3 часа, аеродромот во Инчеон беше отворен, но неколку авиони биле пренасочени кон други аеродроми.
Северна Кореја јавува дека балоните се одмазда за пропагандата на јужнокорејски активисти кои пуштаат балони со храна, лекови и пари преку границата.
Војската на Јужна Кореја соопшти дека 100 балони паднале на земјата, а повеќето биле полни со отпадна хартија и други отпадни материјали.
Северна Кореја тестираше нешто налик хиперсонична ракета во близина на нејзиниот источен брег, но таа експлодираше во воздух, соопшти војската на Јужна Кореја, објави Ен-Би-Си њус.
Ракетата била лансирана од регионот на главниот град на Северна Кореја околу 5.30 часот по локално време и била насочена кон источните води на Северот пред да се случи неуспехот.
Јапонското Министерство за одбрана соопшти дека проектилот летал на височина од околу 100 километри и со дострел повеќе од 200 километри.
Високи функционери на Јужна Кореја, САД и Јапонија одржаа телефонски разговор и го осудија лансирањето како кршење на повеќе резолуции на Советот за безбедност на ОН и сериозна закана за мирот и стабилноста во регионот и пошироко.
„Иако оценивме дека овој настан не претставува непосредна закана за американскиот персонал, територија или за нашите сојузници, ние продолжуваме да ја следиме ситуацијата“, соопшти командата.
Последното лансирање на ракета од Северна Кореја беше на 30 мај. Северна Кореја оваа недела го критикуваше распоредувањето на американски носач на авиони на заеднички вежби со Јужна Кореја и Јапонија и предупреди на „преголема, нова демонстрација на одвраќање“.
Лансирањето на ракетата доаѓа еден ден по 74-годишнината од почетокот на Корејската војна, што наликува на тактиките користени во Студената војна.