More

    Сестрата на принцезата ужива на луксузен одмор

    spot_img

    Откако се дозна дека Кејт Мидлтон има рак, јавноста не престанува да ја коментира принцезата, но и сите членови на кралското семејство.

    Кејт Мидлтон, една од најпознатите жени во светот, се најде во центарот на вниманието на јавноста откако престана да се појавува во јавност. Принцезата од Велс последен пат беше видена на 25 декември, а потоа се крена прашина, бидејќи ја немаше цели два месеци.

    Во отсуство на вистински информации, на интернет почнаа да кружат разни теории за нејзиното исчезнување.

    Пред неколку дена на инстаграм-профилот на принцот и принцезата од Велс се појави видео, кое беше првото обраќање на Кејт Мидлтон, во кое таа раскажува сè што и се случило и откри дека има рак и дека веќе се лекува.

    Сето ова време главното прашање е каде се наоѓаат родителите на Кејт Мидлтон, како и нејзината сестра Пипа Мидлтон. Во меѓувреме, се огласи братот на Кејт, Џејмс Мидлтон, објавувајќи заедничка фотографија проследена со трогателни зборови упатени кон сестрата.

    Како што наведуваат странските медиуми, родителите на Кејт Мидлтон, Керол и Мајкл, знаеле за болеста на нивната ќерка од самиот почеток. Најголем дел од времето им го посветиле на внуците, за да не се види нивната грижа и за да може принцезата да се посвети на лекувањето.

    Пипа Мидлтон најмногу ја шокираше јавноста со своето однесување. Таа на крајот на февруари отпатува на Карибите со нејзиниот сопруг Џејмс Метјус и децата.

    „Можеби не е вистинското време Пипа Мидлтон да оди на патување во Сент Барт со семејството. Требаше да покаже одредена чувствителност на болеста на сестрата“, „Не се грижи за болната сестра“, се само дел од гневните коментари под објавата на фотографијата на која е снимена Пипа во костим за капење како ужива на одморот.

    Богатото семејство на нејзиниот сопруг е сопственик на одморалиштето „Иден Рок“ во Сент Барт, а Пипа и нејзиниот сопруг често престојуваат таму. Странските медиуми наголемо пишуваат за тоа како Пипа изгледа исклучително среќно на фотографиите.

    Сепак, многу луѓе гледаат поинаку на одморот на Пипа. Сметаат дека состојбата на Кејт не е толку сериозна и дека успешно закрепнува, па затоа Пипа одлучила да отпатува со семејството.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img