More

    Сепак, ќе носиме одлуки како дел од НАТО

    spot_img

    Русија е наш трговски партнер, со кој имаме размена на одредени производи и услуги, но нашите одлуки ќе бидат во согласност со одлуките коишто се носат на ниво на НАТО, вели во интервју за МИА премиерот Димитар Ковачевси, на прашањето колку е важно земјава да одржи умерени и добри односи со Русија колку и да сме западно ориентирани.

    – Нашите односи со Русија може да ги гледаме на два начини. Прво Русија е наш трговски партнер, со кој имаме размена на одредени производи и услуги. Меѓутоа другиот аспект е што ние сме земја членка на НАТО. Ние комплетно ги почитуваме одредбите од Вашингтонскиот договор и како земја членка на НАТО ние сме дел од најголемиот одбранбен воен сојуз во светот и сите наши одлуки ќе бидат во согласност со одлуките коишто се носат на ниво на НАТО. И кога ги гледаме изјавите на другите членки на НАТО тие се во согласност со одредбите на Вашингтонскиот договор и носењето на одлуки во НАТО – вели Ковачевски.

    Историската комисија е составена од професори по историја и тие работат согласно својата методологија, со правила коишто ги имаат самите воспоставено како експерти и таа комисија се ко-претседава со двајца професори, едниот од нашата држава, другиот од Република Бугарија.

    – Интенцијата на таа комисија е да излезат со заеднички став за отворените прашања и сметам дека не е корисно доколку едниот или другиот дел од комисијата излегува со неусогласени ставови бидејќи тоа креира атмосфера во којашто другата страна треба да одговара на прашања или тези коишто се поставени од страната што дала одредена изјава – изјави Ковачевски.

    На прашање дали опаѓа поддршката на Македонците, од сите етнички заедници, за ЕУ, Ковачевски смета дека одолговлекување на било кој процес кога имате одредена цел, секогаш ја намалува посветеноста на општеството како целина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img