More

    Селена Гомез повторно е на удар на критиките за конфликтот меѓу Израел и Хамас

    spot_img

    Американската пејачка и актерка Селена Гомез повторно е на удар на критиките за конфликтот меѓу Израел и Хамас, овој пат обвинета дека ги поддржува терористите откако нејзиниот бренд за козметика „Ретка убавина“ (Rare beauty) најави донации за Палестина.

    Пејачката неодамна преку профилот на „Rare Beauty“ испрати порака за хуманитарната криза во Газа и најави дека брендот ќе донира пари за да им помогне на оние кои имаат потреба, но дел од нејзините обожаватели тоа не го прифатија добро.

     

    „Илјадници невини палестински цивили се убиени во израелските воздушни напади, а милиони цивили се раселени и оставени без пристап до храна, вода, лекови или основни потреби за опстанок“, пишува на профилот на брендот.

    Напоменале и дека „голем број од овие жртви се деца и дека палестинските цивили мора да бидат заштитени“.

    Тие исто така истакнале дека им е скршено срцето од терористичкиот напад врз невини цивили во Израел на 7 октомври. Тогаш рекоа дека ќе донираат за хуманитарни организации кои и помагаат на Палестина.

     

    Оваа одлука не беше добро прифатена од нејзините обожаватели, а додека некои ја нарекоа лицемерна откако ги напушти социјалните мрежи, други ја обвинија дека поддржува терористи.

    „Престанете да го поддржувате тероризмот. Хамас е ИСИС и тие го користат народот во Газа како жив штит. Користете ја вашата платформа против Хамас. Ја избравте погрешната страна на историјата“, гласи еден од коментарите.

    Други мислеа дека тоа е само ПР потег.

    „Тоа не е хуманитарна криза. Тоа е геноцид извршен од војската којашто директно ја финансиравте. Какви ПР глупости“, напиша еден корисник.

    „Хуманитарната криза се нарекува геноцид“, додаде друг.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img