Села: Ова е органот на Алијанса за Албанците што ги носи конечните одлуки

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Извршното собрание на Алијансата на Албанците според статутот има право да донесе одлука за разрешување и доверба на претседателот, истакна денеска претседателот на партиското собрание на Алијанса на Албанците Зијадин Села пред почетокот на извршното собранието на партијата прашан дали ќе се разговара за одговорност на претседателот Арбен Таравари.

Тој потенцираше дека членовите на извршното собрание се тие кои според статутот на партијата ја имаат одговорноста да одлучуваат и нагласи дека поканети се сите членови на централното Собрание, вклучувајќи го и Таравари.

– Секој член на централното собрание одлучува за партијата и за одлуките кои треба да се донесат во партијата. Ова е органот каде се носат конечни одлуки и тоа се очекува денес – истакна Села.

Во поканата за денешниот состанок, како прва точка на дневен ред е извештајот на претседателот на партијата околу политичките случувања во врска со наредните претседателски и парламентарни избори, а втората точка е разгледување на одлуката на Претседателството на партијата од 21 октомври минатата година, околу настапот на партијата на парламентарните избори.

Share This Article