Видеата од луѓе кои го отвораат малиот приклучок на долната страна од внатрешната страна на вратата на автомобилот брзо станаа вирални, кога повеќето луѓе сфатија дека воопшто не знаеле дека постои. Видеото кое го прикажува отворањето на дупката е прегледано повеќе од два милиони пати и собра 1,7 милиони лајкови.
„Не ми се верува дека ова го гледам првпат во животот – е еден од коментарите на виралното видео.
Имено, по силен дожд или миење на автомобилот, внатре во вратата се акумулира вода која можете да ја испуштите низ споменатата дупка.
Покрај водата, која може да предизвика оштетување, внатре може да се акумулира и прашина и нечистотија, па затоа е препорачливо понекогаш да проверувате дали нешто се задржало во вратата и го спречува спонтано ослободување на вода.
Одводи се наоѓаат и под ветробранското стакло и багажникот, пишува 24сата.