More

    „Пежо“ ќе понуди најширока палета на електрични автомобили

    spot_img

    До 2025 година, PEUGEOT ќе понуди најширока палета на електрични автомобили од кој било конвенционален бренд во Европа. Сега PEUGEOT го заменува својот бестселер со целосно нов електричен fastback SUV: најновата генерација на E-3008.

    PEUGEOT го трансформираше E-3008, подигајќи го на сосема ново ниво. На корисниците им се овозможени креативен дизајн, задоволство при возење и електрични перформанси или накусо:

    – ALLURE што кај овој fastback SUV се огледа во обновениот и ефикасен дизајн.

    – EMOTION преку новата генерација на PEUGEOT i-Cockpit® т.е. PEUGEOT панорамскиот i-Cockpit®, кој го воздигнува задоволството при возење на сосема ново ниво.

    – EXCELLENCE т.е. 100% електричен опсег (до 700 km) и перформанси, благодарение на новата STLA Medium платформа од Stellantis.

    Актуелниот PEUGEOT 3008 е еден од најпродаваните модели на брендот, кој шармирал повеќе од 1.320.000 клиенти во 130 земји во последните 7 години.

    PEUGEOT е посветен да понуди комплетен асортиман на електрични возила во секој од сегментите и тоа веќе до 2025 година, а 100% од продажбата на брендот во Европа ќе биде електрична до 2030 година. PEUGEOT влегува во нова ера со промовирањето на својот нов E-3008.

    PEUGEOT E-3008 е првиот модел што ја користи потполно новата STLA Medium платформа на Stellantis, што го издигнува брендот на едно сосема ново и повисоко ниво. Оваа иновативна платформа е дизајнирана да овозможи најдобри перформанси во класата за критериумите кои се на клиентите најважни: опсег (до 700 km), време на полнење (30 минути), чувство и задоволство при возење, перформанси, ефикасност и поврзани услуги и функции (планер на патувања, паметно полнење, Vehicle to load, Plug&Charge и Over The Air ажурирања).

    Најновата генерација на PEUGEOT E-3008 ќе се произведува во фабриката Sochaux во Франција, а со продажба ќе започне од февруари 2024 година.

    Овој модел ќе има две нивоа на опременост, Allure и GT, со 3 пакети на опции за да се симплифицира изборот и три целосно електрични погонски единици со 210 КС, 230 КС со долг опсег и 320 КС со погон на 4 тркала. Хибридните погонски единици ќе бидат исто така достапни во зависност од пазарот.

    – Лансирањето на најновата генерација на E-3008 е голем чекор во радикалната трансформација на PEUGEOT,  кон примамлив 100% електричен бренд кој поставува нови стандарди за дизајн, задоволство при возење и ефикасност. Со својот надворешен дизајн, спектакуларниот PEUGEOT панорамски i-Cockpit®, чувството при возење и воодушевувачките електрични перформанси, најновата генерација на E-3008 го воведува PEUGEOT во нова ера како француски бренд кој нуди најширок асортиман на мејнстрим електрични возила на пазарот – изјави Линда Џексон, извршна диркеторка на „Пежо“.

    ALLURE: НОВИОТ Е-3008 ГО НОСИ КРЕАТИВНИОТ ДИЗАЈН НА ПОВИСОКО НИВО

    Со новиот E-3008, дизајнот на PEUGEOT влегува во нова електрична ера, каде што Allure не е само стил, туку е и во служба на ефикасноста.

    – Новиот E-3008 ги обединува инвентивноста и смелоста на Peugeot, ги отелотворува сите наши вредности на брендот. Повторното обновување на 3008 значи да се работи на неговата модерност, на усогласување на динамичниот дизајн со оптималната ефикасност, сето тоа преку fastback силуетата и иновациите кај новата генерација на PEUGEOT панорамскиот i-Cockpit® – вели MAthhias Hossann, директор на дизајн на „Пежо“.

    Аеродинамичен fastback SUV со горд став

    Новиот E-3008 е веднаш препознатлив по неговата fastback SUV појава. Со својата динамична и аеродинамична форма (Cx 0,28), новиот E-3008 комбинира елеганција, ефикасност и просторност.

    Динамичноста на мачкастите линии кај новиот E-3008, исто така, произлегува од добро избалансираните димензии на возилото, кое има должина од 4,54m, ширина од 1,89m и висина од 1,64m, што го прави еден од најкомпактните 100% електрични SUV возила во „С“ сегментот. Тој обезбедува и голем простор за патниците и багажот.

    Високо технолошки преден дел

    Кај новиот E-3008, PEUGEOT воведува нов изглед за предниот дел. Култниот светлосен потпис во форма на три лавовски канџи останува ист, додека предните светла и решетката имаат радикално нов дизајн.

    Решетката кај новиот E-3008 ги симболизира електричните гени на овој модел.

    Околу новиот амблем на PEUGEOT е развиен новиот дизајн на овој модел, интегрирајќи го новиот светлосен потпис и решетката без разграничување меѓу нив, благодарение на транзицијата која е во боја на каросеријата.

    Ултра компактните предни светла се сместени во тенка, елегантна лента, што се наоѓа над решетката и се обвиткува околу целиот преден дел. Тоа е уникатна дизајнерска нишка, која му дава на новиот E-3008 продорен изглед, истовремено потврдувајќи ја неговата современост и карактер.

    Светлата напред се LED кај сите верзии на овој модел. E-3008 GT доаѓа стандардно со новата Pixel LED технологија на PEUGEOT, која автоматски го прилагодува осветлувањето на предните светла согласно условите на патот, одржувајќи оптимално осветлување без да се заслепуваат другите учесници во сообраќајот.

    Концепт што повторно го обновува fastback

    PEUGEOT ја модернизираше традиционалната заобленост на fastback линијата на задниот дел од автомобилот со „лебдечки“ спојлер. Оваа иновативна карактеристика ги подобрува облините на каросеријата на новиот E-3008 додека ја оптимизира аеродинамиката.

    Задниот дел кај новиот E-3008,  овозможува динамичен стил, надополнет со симболичниот светлосен потпис кај стоп светлата во форма на три лавовски канџи. Внатре, се задржува обемниот простор во вториот ред и волуменот на багажникот од 520 литри, кој е идентичен со оној од претходниот 3008. Сето тоа без разлика на електричниот мотор кај новиот Е-3008.

    Аеродинамична силуета

    Кај новиот E-3008, секој стилски детаљ е осмислен и дизајниран да овозможи подобра иновативност и ефикасност.

    Прикривањето на заптивките на страничните прозорци на вратите придонесува за елегантен дизајн на страничните делови на автомобилот, а бројот на украсни детали на каросеријата е намален и сите хромирани делови се отстранети.

    Иновативни, аеродинамични фелни

    Продолжувајќи со иновативната работа што започна кај 408, PEUGEOT го опреми новиот E-3008 со фелни кои придонесуваат за аеродинамични перформанси и воедно го надградуваат модерениот стил.

    Новиот амблем на PEUGEOT, е прикажан во самиот центар на техничкиот и геометриски дизајн на фелните од овој модел кои може да бидат со димензија од 19“ или 20“.

    Софистицирана и издржлива надворешна завршна обработка

    Во однос на надворешната завршна обработка кај E-3008, брендот примени нов, помодерен и поиздржлив пристап. Хромираните делови се отстранети во однос на лакираните делови: Meteor Grey на предниот и задниот браник, Orbital Black на куќиштата на ретровизорите и долната линија на ветробранското стакло.

    Новиот E-3008 е достапен во палета од шест бои.

    Благодарение на иновативните дихроматски пигменти, Obsession Blue бојата се менува од сина во зелена во зависност од светлината и обликот на каросеријата, елегантно најавувајќи го влегувањето на E-3008 во една нова ера. Додека пак, целосно новата Ingaro Blue боја, со своите суптилни рефлексии, совршено ги истакнува модерните линии на новиот E-3008.

    Останати достапни бои се: Okenite White, Pearl Black, Artense Grey и Titanium Grey.

    Новиот E-3008 GT, стандардно доаѓа со двобоен сјајно црн кров.

    Кај електричните GT верзии, долните делови на предниот и задниот браник, лаковите на тркалата и штитниците на праговите исто така се во сјајно црна боја.

    Висококвалитетен и високотехнолошки патнички простор

    Покрај спектакуларниот лебдечки 21“ панорамски екран на новиот PEUGEOT панорамски i-Cockpit®, моќната привлечност и технолошкиот карактер на кабината се засилени со амбиенталното LED осветлување, кое може да се приспособи во 8 различни бои.

    Ова осветлување се рефлектира преку елегантна, оригинална алуминиумска облога, која се протега низ контролната табла и великодушно продолжува над вратите. Комбинацијата на алуминиум, светло и шарена ткаенина, креира една уникатна и висококвалитетна хармонија на премиум материјали.

    EMOTION: НОВ PEUGEOT ПАНОРАМСКИ I-COCKPIT® ЗА СПЕКТАКУЛАРНО ЗАДОВОЛСТВО ПРИ ВОЗЕЊЕ

    Иновација и елеганција од надворешноста, се пресликува и во внатрешноста кај новиот Е-3008. Новиот PEUGEOT  панорамски i-Cockpit® го издигнува задоволството при возење на повисоко ниво.

    – Лебдечкиот, заоблен 21“ HD панорамски екран, го комбинира head-up дисплејот со централниот екран на допир.

    Тимовите на PEUGEOT одлучија да комбинираат два од трите основни елементи на i-Cockpit®: head-up дисплејот и големиот централен екран на допир. Тие сега се интегрирани во заоблен панорамски екран составен од единечен 21“ панел со висока резолуција, кој се протега од левиот крај на контролната табла до централната конзола.

    Овој панорамски екран лебди над контролната табла. Ефектот „лебдечки“ е нагласен со амбиенталното LED осветлување, чиј извор се наоѓа под екранот.

    Позициониран за оптимална ергономија, овој 21-инчен панорамски екран е малку закривен кон возачот, додека останува совршено достапен и за патникот до возачот. Затоа, овој голем и висококвалитетен дигитален екран комбинира две клучни функции на PEUGEOT i-Cockpit®:

    – На левата страна на панорамскиот екран, инструмент таблата е поставена над компактниот управувач и ги комбинира сите значајни информации поврзани со возењето како што се: брзина, моќност, системите за помош при возење, проток на енергија и сл.

    – На десната страна на панорамскиот екран, во центарот на контролната табла, делот со екранот на допир е достапен и за возачот и за совозачот. Може да се користи за управување со системите за греење/клима, навигација, медиуми/поврзување и тн.

    Кај E-3008 Allure верзијата, новиот PEUGEOT i-Cockpit® е стандардно составен од два 10-инчни дигитални екрани, интегрирани во еден панел на панорамскиот дисплеј, давајќи го истиот лебдечки ефект како и 21-инчниот панел. GT верзијата е стандардно опремена со 21“ екран.

    Обновена архитектура и ергономија

    Новиот PEUGEOT панорамски i-Cockpit® се одликува со целосно нова архитектура. Иновативен е по тоа што панорамскиот екран е поставен на контролната табла со помош на систем за прицврстување кој е невидлив од патничкиот простор. Овој распоред, ја подобрува пристапноста и видливоста на сите информации кои се прикажуваат на екранот.

    Во централниот дел на контролната табла се сместени i-Toggles дирките, целосно приспособливи копчиња осетливи на допир кои можат да се програмираат за да обезбедат брз пристап до 10 од омилените функции на корисникот, кои можат да бидат: повикување на омилен контакт, активирање на навигација до често користена дестинација, подесување на радиото на омилена станица, поставување на идеална температура на клима уредот и т.н.

    Централната конзола е пространа и прочистена од елементи, се со цел за да се зголеми просторот кој е достапен за предните патници, кои ги уживаат придобивките од еден особено пријатен и широко отворена внатрешност.

    Оваа пространа архитектура е добиена благодарение на тоа што е извршена реалокација на контролниот погон за автоматскиот менувач, кој е сега поставен на контролната табла. Оваа контрола се наоѓа десно од управувачот, веднаш до копчето за Stop/Start на автомобилот. Позиционирањето е ергономски решено, да со едно едноставно движење имате лесен пристап до контролата на менувачот или Stop/Start копчето.

    Нов компактен управувач со контроли чувствителни на допир

    Компактниот управувач е основен елемент на PEUGEOT i-Cockpit® уште од неговото појавување. Новиот управувач е темелно преработен, обрнувајќи внимание на сите детали. Истиот ја задржа својата компактност и модерниот дизајн, но при тоа има комплетен редизајн на централниот дел, тој е помал и визуелно има т.н лебдечки ефект, сличен на панорамскиот екран на контролната табла.

    Контролите на компактниот управувач се нови. Тие автоматски ги детектираат прстите на возачот, но се активираат само кога возачот ќе ги притисне, за да се избегнат какви било лажни маневри.

    Новиот компактен управувач кај E-3008 GT како стандард има функција за греење.

    Додека пак, PEUGEOT панорамскиот i-Cockpit® воведува две нови, тенки и елегантни контролни рачки и две палки за регенеративно кочење, кои се позиционирани зад компактниот управувачот.

    Исклучителна удобност

    Кабината кај новиот E-3008 им овозможува на патниците релаксирачко искуство, во обемен и осветлен простор. Новите предни седишта, комбинација на кожа и ткаенина кај Allure и кожа и Alcantara кај GT, овозможуваат максимално уживање. Седиштата се карактеризираат со привлечен контурен дизајн и пена со висока густина за удобно сместување.

    Предните седишта кај новиот E-3008 се со престижната ознака AGR (Aktion für Gesunder Rücken), доделена од германското здружение на лекари и терапевти кое промовира истражување за превенција од болки во грбот. Кај GT верзијата, седиштата се опремени со функција за вентилирање и масажа, а во делот за грбот ú со функција за греење.

    За прв пат во гамата на PEUGEOT, на предните седишта може да се вградат приспособливи странични потпори кои електрично се надувуваат или издишуваат за совршено да се прилагодат на обликот на телото на патникот.

    За да обезбеди здрава атмосфера во внатрешноста, новиот PEUGEOT E-3008 е опремен со AQS (Air Quality System). Овој систем постојано го следи квалитетот на воздухот што влегува во кабината и доколку е потребно, автоматски го активира рециклирањето на воздухот. Кај GT нивото на опременост, ова е надополнето со системот за третман на воздух Clean Cabin, кој ги филтрира штетните гасови и честички. Квалитетот на воздухот се прикажува на десната страна на панорамскиот екран.

    Особено внимателно изработената звучна изолација може дополнително да се подобри со опционалните ламинирани предни прозорци, во комбинација со висококвалитетниот Focal® Premium Hi-Fi систем, кој е плод на неколкугодишната  соработка помеѓу PEUGEOT и тимовите на Focal® (француски бренд специјализиран за премиум аудио).

    Focal® Premium Hi-Fi системот се состои од 10 звучници со ексклузивни патентирани технологии:

    – 4 TNF алуминиумски високотонци со превртена купола,

    – 4 нискотонци/медиуми со Polyglass мембрана и 165 mm TMD (Tuned Mass Damper) суспензија,

    – 1 Polyglass конусен централен канал со подобрени перформанси,

    – 1 Power Flower™ оптимизиран сабвуфер.

    Тие се комбинирани со 12-канален засилувач од 690W (засилена технологија од D класа).

    Музичкото искуство е збогатено со воведувањето на иновативниот режим за слушање „Front-Optimised“, кој го трансформира првиот ред од Е-3008 како да се наоѓате на вистински концерт.

    Броен простор за складирање и обемен волумен за товарање

    Патничкиот простор кај новиот E-3008 обезбедува 17 различни места за складирање, со вкупен волумен од околу 34 литри: лесно достапно безжично полнење на телефонот на централната конзола, простор за ладење под централниот потпирач за раце, држач за очила на конзолата на покривот, држачи за чаши и кутија за ракавици.

    Со корисен волумен од 520 литри под полицата за пакети, багажникот кај новиот E-3008 е исто толку простран како оној на неговиот претходник. Новата STLA Medium платформа го овозможува истиот простор за багажникот, без разлика на моторот.

    Динамична шасија за ефикасност и задоволство при возење

    E-3008 ги исполнува вредностите на PEUGEOT во врска со држењето на патот и задоволството при возење.

    Новата STLA Medium платформа вклучува нови предни и задни оски дизајнирани да обезбедат динамично држење на патот. Самата архитектура на платформата придонесува за оваа динамика, преку тоа што максимално се употребени лесни и крути материјали, но и преку намалување на центарот на гравитација на возилото благодарение на еднослојната батерија која е идеално поставена што е можно пониско помеѓу тркалата.

    Четири режими на возење за оптимални перформанси

    Возачот може да избере помеѓу четири режими на возење преку контрола поставена на централната конзола за да овозможи перформансите на E-3008 да бидат идеално приспособени на желбите на возачот и/или условите на патот:

    – Normal режим. Ова е стандардниот режим. Моќноста и вртежниот момент се малку намалени кога ќе се притисне педалата за гас помеѓу 0 и 70%, над 70% на располагање се целосна моќност и вртежниот момент.

    – Eco режим. Обезбедува непречено возење и намалена потрошувачка на енергија со користење на специфична поставка на педалата за гас, ограничување на моќноста и вртежниот момент и намалување на перформансите на греењето и клима уредот.

    – Sport режим. Овозможува подинамично возење со користење на специфични конфигурации за серво управувач, гас и менувач.

    – 4WD режим (каде што е применливо). Достапен при брзина до 135 km/h, овој режим ја распределува силата на сите 4 тркала кога површината на патот станува лизгава (снег, кал и тн.).

    Агилен SUV за во град

    Компактен и со најдобар круг на вртење (10,6m), од кој било 100% електричен SUV во својата категорија. Новиот E-3008 е особено лесен за управување во градски подрачја. За да се олесни маневрирањето, стандардно е опремен со задна камера која му овозможува на возачот два агли: поглед одзади или одозгора т.н птичја перспектива. Оваа камера е опремена со млазница за чистење за одржување на совршена слика во сите услови.

    Како опција, новиот E-3008 може да се опреми со системот PEUGEOT VisioPark 360°. Благодарение на 4 камери поставени што е можно поблиску до предните и задните тркала и 12 сензори распространети околу автомобилот, се овозможува поглед на околината околу возилото од 360°. Ова технологија придонесува да се избегнат какви било пречки кои се блиску до возилото.

    Проширени можности за полуавтономно возење

    PEUGEOT прави уште еден чекор кон полуавтономно возење со системот Drive Assist Plus достапен кај новиот E-3008. Овој систем му помага на возачот со користење на сите сензори на автомобилот (камери, радар, и тн.) и информации од поврзаниот систем за навигација.

    Овие системи за помош при возење се дизајнирани да го олеснат возењето на возачот на патишта со повеќе ленти, како што е автопат или двојни коловози:

    – Aдаптивен темпомат со Stop & Go функција и помош за задржување на лента. Управува со управувачот и брзината на новиот E-3008 за да го задржи возилото во лента.

    – Полу-автоматска промена на лента. Ја менува лентата за возачот кога е тоа побарано. Едноставно активирајте го индикаторот и притиснете го копчето „ok“ на управувачот и системот ќе Ве насочи кон новата лента.

    – Рана препорака за брзина. Детектира каква било промена во ограничувањето на брзината, преку читање на сообраќајните знаци и собирање информации од поврзаниот систем за навигација, соглано тоа и му предлага на возачот да ја прилагоди поставката за адаптивниот темпомат. Доколку детектира дожд, системот веднаш предлага намалување на брзината во согласност со ограничувањето на брзината на патот, на пример од 130 на 110 km/h на автопат.

    Оваа способност за полуавтономно возење, бара валидација од возачот, а сензорите осигуриваат дека возачот постојано ги држи рацете на управувачот.

    Целосна палета на активни безбедносни системи

    E-3008 е опремен со најновите технологии за активна безбедност на PEUGEOT, вклучувајќи:

    – Автоматско сопирање во итни ситуации со предупредување за можен судир: детектира возила, пешаци и велосипедисти, дење или ноќе, од 7 km/h до 140 km/h.

    – Активно предупредување за ненамерно напуштање на лента со систем за враќање во лента.

    – Предупредување за внимание на возачот, кое детектира губење на концентрација со анализа на движењето на возилото.

    – Проширено препознавање на сообраќајни знаци со дигитален приказ на знаците: стоп, знак за еднонасочна улица, без престигнување, крај на знакот без престигнување, покрај вообичаените знаци за ограничување на брзина.

    – Систем за следење на слепи точки со долг опсег (до 75 m).

    – Hill Descent Control: го намалува ризикот од лизгање или губење на контролата на возилото при возење по удолнина со брзини под 30 km/h, во брзина или напред или назад, со автоматско регулирање на брзината.

    – Напредна контрола на траекција: го оптимизира држењето на лизгави површини. Може да се активира во 3 позиции: снег, кал и песок.

    EXCELLENCE: ЕЛЕКТРИЧНИ ПЕРФОРМАНСИ И ПОВРЗАНОСТ НА ПОВИСОКО  НИВО

    Новата STLA Medium електрична платформа од Stellantis лансирана кај E-3008, му овозможува на PEUGEOT да ги исполни очекувањата на клиентите на 100% електрични возила во однос на: перформансите, ефикасноста, опсегот и капацитетот за полнење.

    – Со оглед на успехот на претходниот 3008 и клиентите кои ни ја дадоа својата доверба, моравме да бидеме храбри. Со новиот E-3008, PEUGEOT влегува во нова ера во однос на дизајн и електрификација. E-3008 е дизајниран за клиенти кои секогаш бараат повеќе и кои ги следат најновите технолошки достигнувања – рече Jerome Micheron, продукт менаџер на „Пежо“.

    Електрична платформа која поставува нови стандарди

    PEUGEOT E-3008 е првиот модел што има придобивки од сосема новата платформа STLA Medium на Stellantis. Таа е изајнирана за идните електрични возила на Групацијата и истовремено смело поставува нов репер на пазарот.

    Платформата STLA Medium BEV може да се пофали со рекордна внатрешна енергија помеѓу тркалата, со до 98 kWh во меѓуоскиното растојание кое остана кратко (2,73 m за E-3008). Овој дизајн со високи перформанси му овозможува на E-3008 да го понуди најдобриот опсег во својата категорија (до 700 km) додека моелот е сè уште останат компактен т.е. со должина од 4,54 m.

    Широк опсег на електричните погонски единици со високи перформанси

    Дизајниран од самиот почеток како електричен модел, новиот E-3008 ја добива енергијата од 3 целосно електрични погонски единици со нула емисија (соглансо WLTP) за да ги задоволи сите потреби на клиентите.

    – Опсег до 525 km, погон на две тркала, 210 КС/157kW,

    – Двоен мотор со опсег до 525 km, погон на 4 тркала, 320 КС/240kW,

    -Долг опсег до 700 km, погон на 2 тркала, 230 КС/170kW.

    Електричниот мотор и менувачот

    Оваа нова генерација синхрони мотори со постојан магнет овозможува поголема моќност и поголема ефикасност. Верзиите со погон на 2 тркала испорачуваат 157 kW (343 Nm) или 170 kW (343 Nm). Верзијата со двоен мотор со погон на 4 тркала испорачува вкупно 240 kW (157kW-343Nm напред и 83Kw-166Nm назад).

    Електричниот мотор е склопен и произведен со заедничко вложување на STELLANTIS-NIDEC во Trémery (Франција).

    Менувачот е составен и произведен од Stellantis во Valenciennes (Франција).

    Батерија

    Високонапонската литиум-јонска батерија од 400 V, со хемиски состав NMC (никел, манган и кобалт), се наоѓа под подот и го снабдува електричниот мотор за движење на возилото. Останатите електрични потрошувачи (светла, инфозабавниот систем, и тн.) продолжуваат да се напојуваат од батерија од 12V, која самата се снабдува од високонапонската батерија преку конверторот.

    Постојат три технички дефиниции (WLTP) за високонапонската батерија:

    • Опсег до 525km со 73kWh,
    • Двоен мотор со опсег до 525km со 73kWh,
    • Долг опсег до 700km со 98kWh.

    Системот за термичкото управување со батеријата, користи циркулирачка течност за ладење за да обезбеди ултра брзо полнење, оптимизиран опсег и подолг работен век. Топлинската пумпа, придонесува за термичка удобност на патниците, а воедно се заштедува енергија од батеријата. Батеријата има гаранција 8 години (или 160.000 km) со 70% од нејзиниот капацитет за полнење.

    Брзо полнење

    Приклучокот за полнење на левото задно крило овозможува врска за мод 2/3 (наизменична струја) и мод 4 (директна струја).

    За полнење со наизменична струја, достапни се два типа на вграден полнач за да одговараат на сите кориснички намени и решенија за полнење, со трифазен полнач од 11 kW како стандард и трифазен полнач од 22 kW како опција.

    За полнење со еднонасочна струја, преку суперполначи, приклучокот мод 4 кај новиот E-3008 прифаќа моќност до 160 kW, овозможувајќи стандардната батеријата кај E-3008 да се наполни од 20% до 80% за 30 минути за верзијата со стандарден опсег, и помалку од 30 минути за верзијата со долг опсег.

    Проширени електрични функции

    V1G или функција за паметно полнење

    Оваа функција е компатибилна со услугите на добавувачите на енергија и го прилагодува времето и моќноста на батеријата кај новиот PEUGEOT E-3008 со цел да се оптимизираат трошоците за полнење.

    Функција V2L (Vehicle to Load)

    Оваа многу практична карактеристика им дава можност на клиентите да напојуваат друг електричен уред преку високонапонската батерија на новиот PEUGEOT E-3008. На пример: полнење електричен велосипед или ракување со електричен апарат. Системот може да напојува до 3kW и 16A.

    Функција Plug & Charge*

    Оваа карактеристика ја поедноставува процедурата за автентикација на возилото на местото за полнење. Новиот PEUGEOT E-3008 автоматски се идентификува и препознава од станицата за полнење компатибилна со „Plug & Charge“. Сè што треба да направи клиентот е да го приклучи E-3008 за да започне возилото да се полни, а потоа ќе се изврши наплатата, без да треба да се извади платежна картица.

    *Достапноста е во зависност од земјата.

    – 3-степени на регенеративно кочење

    Оваа функција,  обновувањето на енергијата го прави лесно и едноставно.

    Користејќи ги палките зад компактниот управувач, можете да го активирате регенеративното кочење во 1 од 3 нивоа, при што палката од левата страна ја зголемува регенерацијата, а десната палка ја намалува:

    – Ниско (-0.6m/s²), за сензации блиски до оние на возило со мотор со внатрешно согорување,

    – Средно (-1.2m/s²), за зголемено забавување кога ќе се отпушти педалата за гас,

    – Високо (-1.8m/s²), за максимално забавување кога ќе се отпушти педалата за гас, а со тоа и максимална регенерација.

    Последните 2 нивоа автоматски ги вклучуваат задните стоп светла.

    – Hybrid и Plug-in Hybrid

    За комплетирање на гамата, новиот 3008 ќе биде достапен и со електрифицирани (Hybrid и Plug-in Hybrid) погонски единици, според потребите на пазарот, како и со уште еден мотор наменет за меѓународните пазари. Повеќе детали за истите, ќе бидат објавени подоцна.

    Најновата генерација на поврзани информациски системи PEUGEOT

    Allure нивото на опременост доаѓа стандардно со системот PEUGEOT i-Connect®, кој овозможува целосна поврзаност благодарение на функцијата за безжично прикажување (Apple CarPlay/Android Auto).

    Технолошкото искуство е комплетно со PEUGEOT i-Connect® Advanced, стандарден кај E-3008 GT. Ова е опремено со TomTom поврзан систем за навигација со високи перформанси, кој вклучува функција „планер за патување“ (trip planner) која ќе Ви помогне оптимално да се изпланира патуваањето, за да се максимизира опсегот на автомобилот и да го олесни полнењето. За да ја пресмета идеалната рута, системот зема в предвид широка палета на информации, вклучувајќи го и растојанието што треба да се измине, нивото на наполнетост на батеријата на почеток, посакуваното ниво на наполнетост на батеријата при пристигнување, брзината на движење, потрошувачката на енергија, сообраќајот, типот на патот, стрмнини… и секако станиците за полнење достапни на дестинацијата или по патот.

    Командата за препознавање глас „OK PEUGEOT“ овозможува пристап до функциите за инфозабава, греење и клима уредот, како и до телефонот. Ова препознавање на глас сега може да прави разлика помеѓу командите направени од возачот или патникот.

    За да ги поддржи корисниците и да одговори на сите прашања што може да ги имаат, системот вклучува документација и упатства (достапни преку QR Code). Ажурирањето на системот се врши „over the air (преку воздух)“.

    Целосна поврзаност

    Сите верзии на E-3008 имаат два USB-C приклучоци сместени на предната страна на централната конзола, едниот за полнење и пренос на податоци, другиот исклучиво за полнење.

    Верзиите на E-3008 опремени со PEUGEOT i-Connect® Advanced имаат два дополнителни USB-C приклучоци (за полнење), сместени на задниот дел од централната конзола за патниците во вториот ред.

    Сите верзии на E-3008 се опремени со три приклучоци од 12 волти лоцирани на предната и задната страна на централната конзола и во багажникот.

    Безжичниот полнач за телефон (15W) се наоѓа на централната конзола, под i-Toggles дирките.

    Нови поврзани услуги*

    Апликацијата за паметни телефони My PEUGEOT им овозможува на корисниците на E-3008 да останат трајно поврзани со своето возило и од далечина да пристапат до бројни функции:

    –  Одредете ја локацијата на Вашето возило, добивајте предупредувања кои Ве потсетуваат на какви било барања за одржување.

    – Далечински контролирајте го затворањето на вратата и активирајте ги светлата или сирената за да го лоцирате автомобилот.

    – Започнете или поставете ја претходно температурата во возилото. Освен што обезбедува поголема удобност, оваа функција помага да се оптимизира опсегот со тоа што ја зголемува температурата на батеријата кога возилото е приклучено.

    – Проверете, закажете, стартувајте или одложете го полнењето на батеријата. Освен што заштедувате значително време, тоа е и начин да се избегне трошење повеќе од потребното.

    – Апликацијата E-Routes од Free2move Charge е планер за патувања достапен на паметен телефон.

    – App Store е ѕид од апликации со различни категории (музика, патување, вести, забава, време…) достапни директно во инфозабавниот систем кај новиот E-3008.

    * некои услуги може да бараат претплата и достапноста е во зависност од земјата.

    Еколошки пристап

    Одржливи материјали

    За новиот PEUGEOT 3008, користиме повеќе од 500 килограми „зелени“ материјали низ возилото (метали + polymers):

    – „зелениот“ челик и алуминиумот претставуваат 60% од вкупната маса на „зелените“ материјали,

    – повеќе од 30 polymer делови се произведени со “зелени“ материјали,

    – рециклирана пластика се користи за браниците, спојлерите, просторт за складирање и теписите.

    Пристапот за одржлив дизајн е илустриран со намалувањето на бројот на украсни додатоци на каросеријата и отстранувањето на сите хромирани делови од надворешноста на новиот 3008.

    Интегриран индустриски екосистем

    Како дел од својот одржлив пристап, PEUGEOT го дизајнира и произведува новиот E-3008 во Франција. Батериите се дизајнирани во фабриката на Stellantis во Mulhouse, а потоа пакувањата се склопуваат во фабриката Sochaux, каде се произведува E-3008.

    Едноставна, лесно разбирлива гама

    Е-3008 е достапен во две нивоа на опременост Allure и GT. Моделите E-3008 Allure се карактеризираат со завршна обработка во боја во еден тон и половина кожа – половина ткаенина со релјефни мотиви. Главната стандардна опрема вклучува: влегување во возилото без активирање на клучот и стартување, задна HD камера, задни сензори за паркирање, LED предни светла и други светла, 19-инчни алуминиумски фелни, PEUGEOT i-Cockpit® со 10” два дигитални панели, PEUGEOT i-Connect® поврзан информациски систем.

    E-3008 GT доаѓа со двобоeн црн кров и Alcantara тапацир. Како главна стандардна опрема, покрај онаа како кај Allure нивото на опременост: 20-инчни алуминиумски фелни, Pixel LED предни светла, предни сензори за паркирање, моторизирана задна врата, предни седишта и управувач со функција за греење, индукциско полнење за паметни телефони, приспособливо амбиентално осветлување, PEUGEOT панорамски i-Cockpit® со заоблен 21” екран, приспособливи i-Toggles дирки, PEUGEOT i-Connect® Advanced поврзан информациски систем.

    НОВИОТ PEUGEOT E-5008

    Дополнително на стратегијата за целокупната гама на електричните возила на PEUGEOT компанијата ќе лансира и електричен SUV во високата класа. Тој ќе таргетира поширока маса на луѓе љубители на големи SUV возила. Повеќе детали ќе бидат достапни со почетокот на 2024 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img