More

    Се засилуваат нападите во руските погранични области

    spot_img

    Руските власти наредија затворање на училиштата во градот Курск, главниот град на истоимениот регион, долж границата со Украина, по нападот од украинска територија, соопшти градоначалникот на Курск.

    „Поради неодамнешните настани, решив учениците да учат од далечина до петок, 15 март“ – објави на Телеграм градоначалникот на Курск, Игор Кучак.

    Руски доброволци кои се борат за Украина изјавија дека во вторник влегле во Русија за да ги нападнат пограничните региони, поточно Курск, и дека зазеле едно село. Руското Министерство за одбрана соопшти дека армијата ги одбила нападите од Украина во текот на ноќта и изутрината, уверувајќи дека спречила пробив на руска територија.

    Украинците испратија бран беспилотни летала на руска територија, од кои околу 15 ја нападнаа областа Курск, соопшти Министерството.

    Борците на Легијата на слободата на Русија, рускиот волонтерски корпус и сибирскиот баталјон, познати како руски партизани, известија дека влегле на граничната територија на Русија. На социјалните мрежи се шират снимки од борбите каде се слушаат истрели и експлозии.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img