Се воведува плафон на трошоците за секој клуб

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ново големо правило во Премиер лигата би можело да го смени моменталното лице на фудбалот во англиската елита. Поголемиот дел од учесниците на првенството ја поддржаа идејата за воведување плафон на трошоците за секој клуб. Идејата е дека на клубовите ќе им биде дозволено да трошат до фиксна сума, која ќе биде одредена со посебна формула.

Како што е познато, сите екипи добиваат пари од ТВ правата за пренос на нивните натпревари во првенството, но сумите се различни.

Според „Мирор“, како основа ќе бидат земени приходите на клубот кој најмалку добил. Предметната сума на тој учесник на шампионатот ќе се помножи со 4,5 и резултатот ќе биде дотичната граница. Ако, на пример, клубот со најмали примања добие 100 милиони евра, тогаш плафонот за сите во Премиер лигата би бил 450 милиони евра.

Според „Мирор“ во овие 450 милиони евра ќе треба да се вклучат парите дадени за нови фудбалери, висината на платите на сите играчи, како и провизиите на агентите.

За сето ова денеска (понеделник) се разговарало на состанокот на акционерите на клубовите од Премиер лигата. Потребни беа 14 од вкупно 20 гласови и тие беа собрани, а само Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Астон Вила биле против, додека Челси се воздржале од гласање.

Сепак, ова правило допрва треба да се гласа на годишниот состанок на клубовите од Премиер лигата во јуни. Ако тогаш повторно има најмалку 14 гласови „за“, рестрикцијата за која станува збор ќе стапи на сила од почетокот на сезоната 2025/26.

Од Здружението на професионални фудбалери беа категорични дека се против таков плафон.

Шпанската Ла Лига исто така има ограничување на трошоците, но тоа е различно за секој клуб врз основа на нивната финансиска состојба.

Share This Article