More

    БАЛЕНСИЈАГА ПРОДАВА НАРАКВИЦА ВО ФОРМА НА СЕЛОТЕЈП

    Баленсијага има ново бизарно парче накит, а сега продаваат нараквица која изгледа како лента селотејп што може да се најде на интернет за 3.300 долари.

    Нараквицата со ремен беше претставена за време на ревијата на колекцијата „Зима 2024“ на Баленсијага, на почетокот на март, но таа остана незабележана од пошироката јавност.

    Сепак, најновиот бизарен моден додаток стана тема на разговор откако Хајснобајети (Highsnobiety) објави видео на Тик-ток на кое го прикажува изгледот на нараквицата.

    „Дали би го носеле ова?“ е прашањето на видеото, а овој моден додаток предизвика бројни реакции.

    Во коментарите, многумина се согласија дека ова е социјален експеримент.

    „Баленсијага е социјален експеримент кој им продава бесмислени нешта на богати луѓе“, „Мора да се шегуваш“, „Татко ми го направи ова додека ја бојосуваше куќата, и тој е модерен“, „дизајнерите на Баленсијага ви се смеат в лице“, е дел од коментарите на видеото.

    Ова е само едно од низата бизарни парчиња облека и обувки кои ги претстави Баленсијага, а куќата претходно го привлече вниманието со седумслојна јакна, однапред уништени патики, кожно ќесе за ѓубре, крокови со штикли итн.

    Последно во низата беше здолништето кое изгледа како обичен пешкир обвиткан околу половината, а цената на ова необично парче облека е 925 долари (околу 853 евра).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img