Сината локомотива која го влечеше Титовиот „Синиот воз“ се уште е на платото меѓу Поштата и зградата на поранешната главна железничка станица во Белград, целосно запуштена, а внатрешноста опустошена.Локомотивата е зарѓана, во кабината на возачот има ѓубре, а однадвор е обраснат со плевел. Внатре во локомотивата се видливи траги од горење, а повеќето делови се уништени.
Отстранета е и оградата која беше поставена околу локомотивата.
Локомотивата е на платото речиси 40 години, а пред две години медиумите објавија дека ќе биде поместена на неколку метри, односно до првата пруга на Железничката станица и дека овој простор ќе претставува т.н. наречено внатрешно плато на плоштадот Сава.