Се појавија фотографии од забавата, се собрало големо друштво

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси (36) е фотографиран во ресторанот „Папи стек“ во Мајами Бич со познатата колумбиско-американска актерка Софија Вергара (51). Таа им се придружила на Меси и неговата сопруга Антонела во поголемо друштво, во кое биле и Луис Суарез со сопругата, Џорди Алба, Серхио Бускетс…

Поранешните асови на Барселона сега уживаат играјќи во Мајами за клубот на Дејвид Бекам, а Меси секако е најголемата ѕвезда. Затоа атрактивната актерка Софија Вергара со задоволство престојувала со нив и според фотографиите изгледа дека добро се забавувале.

Софија Вергара облечена во црн корсет од тантела и кожено здолниште ги привлекла сите погледи. Додека, пак, Меси изгледал лежерно во бела маица и отворена црна кошула и црни панталони. Со него била и неговата сопруга Антонела Ракуцо која носела црн мини фустан и чизми до колена. И убавата Антонела ги мамела погледите со својата фигура.

Share This Article