More

    Се појави снимка од претепувањето на братот на министерот од БиХ во Белград

    spot_img

    Српскиот медиум Н1 објави снимка од инцидентот во населбата Медаковиќ во Белград, а на видеото се гледа кога хулиганите бегаат по нападот на Ѓорѓе Мијатовиќ, кој почина подоцна во вечерните часови во Ургентниот центар.

    Снимката може да се види овде.

    Нападот се случи во неделата нешто по 18 часот. Медиумите напишаа дека Мијатовиќ е брат на Војин Милатовиќ, министер за развој и претприемништвово владата на Босна и Херцеговина.

    Милатовиќ влегол во конфронтација со млади момчиња за да го одбрани неговиот син. Момчињата го претепале таткото, а тој се довлечкал до зградата каде го нашла неговата сопруга.

    Н1 пишува дека се работи за група тинјџери, млади мажи, но и девојчиња на возраст од 15 до 17 години, кои излегувале во паркот.

    Според Н1, само ден пред инцидентот тинејџерите кршеле клупи и му се заканувале на граѓанин кој ги замолил да не го прават тоа. Граѓанинот веднаш го пријавил случајот во полиција која излегла на местото на настанот и разговарала со лицата, но не ги легитимирала бидејќи се малолетни.

    Српскиот министер за внатршени работи Ивица Дачиќ во ТВ-емисија изјави дека се утврдуваат околностите на смртта и дали настанала како последица на нападот, додавајќи дека лекарите рекле дека Ѓорѓе Мијатовиќ имал епилептични-напади и дополнителни болести, па причината за смртта ќе ја утврди обдукцијата.

    Но, веднаш потоа таблоидите, меѓу кои и Блиц, објавија информација дека човекот (по инцидентот) паднал и со главата удрил во бетон.

    „Кога се вратил дома и рекол на сопругата дека сам паднал, по што добил епилептичен напад“, наводно рекол изворот.

    Вишото јавно обвинителство во Белград ѝ нареди на полицијата да ги идентификува учесниците на настанот и да ги собере сите потребни податоци и информации за настанот по што Ѓ.М. почина во Ургентниот центар во Белград.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img