Без разлика дали го слават или не, божиќните денови и сета еуфорија што ги придружува, ги радува луѓето ширум светот, особено најмладите. Но, тоа не е случај со рекламите кои годинава се појавија порано од вообичаено.
До Божиќ и до новогодишната атмосфера остануваат уште неполни три месеци. Есента штотуку пристигна, а многумина сè уште не можат да се помират со фактот дека наскоро нѐ очекуваат многу постудени денови.
Но, тоа не ги спречи некои веќе да ја „отворат“ празничната сезона, што дефинитивно не ѝ се допадна на публиката.
Првата божиќна реклама се појави уште на 7 октомври на веб-страницата на британската компанија Very.co.uk, а прикажува мајка која порано го слави празникот, додека во позадина се слуша: „Божиќ не е само еден ден, туку повеќе денови“.
Колку и да е тоа точно, луѓето не можеа да се поистоветат со празничната атмосфера веќе во октомври. Незадоволството не го криеја ниту во коментарите каде напишаа дека им е „уништено доживувањето“ и дека такво нешто е „целосно лудило“.
„Без оглед на тоа колку го сакам Божиќ, смешно е да се види божиќна реклама“, напиша еден гледач, додека друг додаде: „Обожабам да гледам вакви реклами, а особено првата на „Кока-Кола“… но не ми се верува дека ова година тоа се случи за помалку од две недели од октомври“, напишаа.
„Тоа е она што не е во ред со Божиќ… започнува 12 недели пред вистинскиот ден… навистина смешно“, коментира друг гледач.
Инаку, ова не е првпат британската компанија да објавува предвремени божиќни реклами. Тоа се случи и минатата година, кога тоа го направија на 1 ноември.
Директорката за маркетинг тогаш се оправда дека рекламата пристигнал порано затоа што ваквите денови во текот на пандемијата им биле „украдени“ на луѓето.
„Откако минатата година Божиќ им беше украден на многумина со затворање во последен момент, сакавме рано да влеземе во духот и без срам да ја прифатиме сезоната штом лисјата почнат да паѓаат“, објасни Карли О’Брајан, директорка за маркетинг на компанијата. Оваа година, компанијата сè уште не се огласила за ова прашање.